10 одлични предлози кои ќе ве стават во „Филм - одмор“
Sex and the City 2, 2010
Четирите најдобри пријателки добиваат понуда за бесплатен одмор во Абу Даби. Започнува авантурата исполнета со комични ситуации, смеа, но и искреното пријателство кое ги врзува засекогаш.
My Life in Ruins, 2009
Џорџија е туристички водич во Грција и нема никаква идеја што со себеси и сопствениот живот. Додека им ги покажува убавините на туристите на својата матична земја таа започнува да ги открива и убавините на животот.
Under the Tuscan Sun, 2003
Откако бракот неочекувано ќе ѝ се распадне, младата писателка заминува на патување во Италија и импулсивно купува куќа во прејрасната Тоскана, одлука која ќе ѝ го промени животот засекогаш.
https://www.youtube.com/watch?v=moqovwrR_gE
Letters to Juliet, 2010
Младата Софи сонува за кариера како писателка, љубов и романтика. Во Верона ги запознава „секретарките на Јулија“ и тргнува во потрага по долго изгубената љубов на нејзината новозапознаена пријателка.
RV, 2006
Низа бизарни комични случувања се дел од семејниот одмор на семејството Монро кое решава да патува со голем моторен кампер, кој сепак не се покажува како најпаметна одлука.
(О)Милена | Црнобело