Неверојатно добри сцени во филмовите, направени сосема случајно
Без разлика на толку се трудите одредени работи да испаднат по планови и однапред замислени идеи, се случуваат грешки.
А, понекогаш, токму тие грешки знаат да излезат совршено добри.
Така е и со снимањето на филмовите.
Ова се сцени кои биле снимени по грешка, а излегле одлично:
1. „ Casino Royale (2006)“
Даниел Крег тука случајно паднал во водата и целосно се намокрил, ама и така изгледа неверојатно секси.
2. „ Star Wars: Episode IV - A New Hope (1977)“
Актерот Марк Хамил случајно си ја одрил главата во оваа сцена, а истата станува една од најпознатите сцени од филмот.
3. „ The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring (2001)“
Така и Гандалф си ја удрил главата, а режисерот Питер Џексон сметал дека снимката е толку добра што мора да остане во филмот.
4. „Rain Man (1988)“
Во сцената, Хофман случајно испуштил гасови, па моментот кога Том Круз регира на тоа, била оставена.
5. „Django Unchained (2012)“
Леонардо ди Каприо во оваа сцена требал да мавта со рацете, ама во напливот на емоции случајно удрил со рака.
6. „The Dark Knight (2008)“
Сцената со експлозија морала да биде снимена само еднаш, а нешто не било во ред со детонаторот. Сцената изгледа многу добро на крај.
7. „Guardians of the Galaxy (2014)“
Сцената била направена како шега, а сега е еден од најинтересните снимки.
8. „Fight Club (1999)“
Нортон требало случајно да го удри некаде Бред Пит. Ударот завршил во уво од каде излегла и сцената кога Пит извикува: „Ме удри во уво!“
Н. Г. | Црнобело