- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
11 закони на физиката во цртаните кои немаат никаква логика
На цртаните сме виделе многу смешни ситуации кои како деца нè радувале, а денес ако ги погледнеме повторно се прашуваме од каде потекнувала логиката да се направат такви.
На пример:
Гравитацијата
Таа не постои сè додека не забележите дека сте на сред бездна.
Експлозиви
Сè друго освен главните ликови експлодира.
Силуети
Секој предмет остава иста сенка каква што му е силуетата.
Безбедност
Секоја опасна или потенцијално опасна работа не влијае лошо на ликот.
Израмнување
Кога херојот паѓа, тој само се израмнува како хартија.
Замислени објекти
Замислените објекти можат да се претворат во реалност.
Нацртани тунели
Ликовите можат да поминат и низ нацртани тунели.
Дупка во ѕидот
Било каков отвор може многу лесно да се придвижи на ѕидот.
Голтнати објекти
Голтнатите објекти се растегнуваат.
Волја
Ако ликовите намислиле нешто да направат, тоа и ќе им успее, без разлика колку е невозможно истото.
Објекти кои паѓаат на лава
Паѓаат бавно и директно на главата на ликот.
Н. Г. | Црнобело