8 инспиративни филмови кои ја откриваат силата и моќта на жената
Постојат жени кои се способни да ги инспирираат другите да постигнат големи дела, а и самите се способни за постигнување на најтешките задачи во животот. Тие се силни и независни, мудри и успешни, талентирани и храбри.
Ова се 8 инспиративни филмови со силните женски ликови кои ја откриваат моќта на жената.
1. G.I. Jane
Овој филм е снимен без скапи специјални ефекти и сцени на битки, но сепак еден од ретките филмови кој ја открива и претставува силата на човечкиот дух - конкретно, на една жена.
2. Elizabeth
Прекрасен филм за тешката задача на Елизабета I која се стана мудар и силен монарх. Кејт Бланшет во улогата на кралицата е величествена и моќна. Неизвесност, страст, предавство, авантура, величественост - сите овие работи се комбинирани во овој возбудлив и епски филм.
3. Malena
Моника Белучи ја игра улогата на Малена - убавата вдовица која е опсесија на секој маж, а и завидува секоја жена. Луѓето поради тоа почнуваат да шират грди гласини за неа. Нејзината слика секогаш ќе биде стандардот за дефинирање на вистинската убавина.
4. Frida
Филм за бунтовна жена со незадржливи желби и енергија. Филмот ја открива приказната, не само на брилијантна уметничка, туку и на една жена за која љубовта и семејството и се најважните работи во животот.
Уште 4 филмови на следната страна...