Потсетување на најдобрите улоги на Ален Рикман
Вчера светот се разбуди со тажните вести дека починал британскиот актер Ален Рикман на 69 години по долга борба со ракот.
Тој е добитник на Златен глобус и е двапати номиниран за Тони награда. Најпознат е по неговата улога на професорот Северус Снејп во повеќето продолженија на Хари Потер. Но, тоа не е единствената улога во која ќе го препознаете актерот.
Се потсетуваме на некои од најдобрите негови улоги:
Хари во Love actually - 2003-та година
Колонел Брендон во адаптацијата на Џејн Остин - Sense and sensibility - 1995-та година
Ханс Грубер во Die hard - 1988-та година
Џејми во Truly, madly, deeply - 1990-та година
Александар Дејн во Galaxy quest - 1999-та година
Метатрон во Dogma - 1999-та година
Шерифот од Нотингем во Robin Hood - 1991-та година
Слободно дополнете ја листата со вашата омилена улога на Ален Рикман...
М. Д. | Црнобело