Војна на ѕвездите: Најголемите промени направени од Дизни
Пред Ноќта на вештерките во 2012 година Волт Дизни компанијата даде изјава што го потресе Холивуд, фановите на Војната на ѕвездите и целиот свет - ја купиле компанијата за производство на Џорџ Лукас: Lucasfilm, заедно со Војната на ѕвездите и Индијана Џонс за 4.05 милијарди долари.
Со помалку од еден месец пред премиерата на новата епизода на овој култен филм (Силата се буди) публиката со нетрпеливост очекува да дознае што ќе се случува со нивните омилени ликови во далечната галаксија и можеби најважното, дали филмот ќе биде добар?
Колку и да сакаме да бидеме објективни, кога станува збор за компанијата Дизни, секогаш ќе ја поврзуваме со анимирани филмови, песни, филмови за деца и несериозни проекти.
Тие веќе имаат сменето неколку работи, а ова се најголемите промени кои тие ги направиле на Војната на ѕвездите:
Првото нешто што тие го барале од Лукас е да им даде дозвола да создадат нова трилогија на филмови. Првата епизода ќе имаме можност да ја гледаме од 17 декември 2015, а другите две се предвидени за 2017 и 2019 година.
Следната најава се дополнителни филмови наведени како антологии на Војната на ѕвездите. Тие ќе бидат самостојни и ќе ги покриваат настаните неповрзани со семејството Скајвокер.
LucasArts студиото за видеоигри кое постои веќе 31 година ќе биде затворено.
Оформен е Lucasfilm Story Group, советодавно тело кое се состои од сосема нов менаџерски тим. Нивната работа е да им помогнат на писателите, уредниците или директорите во создавањето на новите приказни, стрипови, видео игри и филмови.
Дизни компанијата веќе долго време ги одржува тематските паркови низ целиот свет, а сега ќе постои и земјата на Војната на ѕвездите, во стилот на Дизниленд.
Гостите на паркот ќе можат да се качат на познатиот вселенски брод Millennium Falcon и да комуницираат со вонземјаните.
Изградба на објектот почнува следната година, а се планира да биде завршена до 2021 година.
М. А. | Црнобело