Предлог филмови за дождливите денови кои следат
Кога пристигнуваат дождливите денови нема ништо подобро од тоа да се стуткате во топло ќебе и да уживате во шолја топол чај и добар филм. А, нема ништо подобро од тоа самиот филм да е сместен во сезоната во која сте и вие – есента.
Еве неколку предлози за филмови кои можете да ги гледате кога времето е мрачно и не ви се излегува надвор:
1. „When Harry Met Sally“
Целиот филм не се случува само на есен, но најдобрите делови се токму во ова годишно доба. Зошто? Затоа што нема подобро време од есента за да се вљубите.
2. „The Lake House“
Која е формулата за успешен романтичен филм? Треба да ги имате заедно: Кијану Ривс, Сандра Булок, убава куќа покрај езеро на есен и поштенско сандаче кое е кутија за патување низ временто.
3. „Rushmore“
Макс Фишер е итар и амбициозен студент со бунтовнички дух кој за време на зимскиот семестар се запознава со богат индустријалист и се вљубува во својата наставничка од основно.
4. „St. Elmo’s Fire“
Филм кој ги покажува подемите и падовите на младите студенти кои започнуваат да живеат сами и кои се соочуваат со тоа што значи да се биде возрасна и независна личност.
5. „Rudy“
Инспиративна приказна за непокорливиот дух на младите луѓе која се одвива на есен, додека еден студент се обидува да го оствари својот сон да стане професионален рагби играч.
Уште 5 предлози на следната страна...