Новата екранизација на роман од Николас Спаркс во кината од 9 април!
Големите американски филмски студија го сакаат Николас Спаркс, писателот на бестселер љубовни романи. По хитовите „Се' што сакам си ти“ (Dear John) и „Порака во шише“ (Message in a bottle) во кината пристигнува десеттата екранизација на негово дело и тоа на неговата последна книга „Најдолгото патување“ (The Longest Ride).
На големите платна од 9 април ќе ја гледаме трогателната љубовна приказна која се занимава со предизвиците, но и со наградите за безусловната љубов.
Во „Најдолгото патување“ ќе го запознаеме Лука (Скот Иствуд, син на легендарниот Клинт Иствуд), поранешен првак во јавање на бикови кој се обидува да ја врати старата слава и Софија (Брит Робертсон), студентка која штотуку ја добила работата од соништата во Њујорк. Додека бројните несогласувања, но и високи идеали ја ставаат на проба нивната врска, двајцата млади ќе најдат инспирација во случајната средба со Ајра (Алан Алда) и неговите сеќавања.
„Најдолгото патување“ прикажува две приказни раздвоени од времето, но споени од судбината. Во режија на Џорџ Тилман пристигнува во кината од 9 април.
Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот преведен на македонски: