3 Романтични филмови за викенд уживање

3-romanticni-filmovi-za-vikend-uzivanje-povekjeНекој од нашите читатели побара непредвидливи романтични филмови, а ние ги слушаме желбите на нашите читатели. За таа пригода ви приготвивме...


...три филмови, љубовни драми кои ќе ви го разнежнат срцето, ќе ве држат во неизвесност, ќе ве изненадат на крај.

Сите глумци се познати по други улоги, па може да ги погледнете филмовите за да погледнете нешто ново од нив. Се надевам дека ќе уживате.


The Romantics (2010)

3-romanticni-filmovi-za-vikend-uzivanje-1Имав многу измешани чувства за филмот откако го изгледав, но сепак мислам дека вреди да се погледе ако ви се допадне напишаното. Може да очекувате спора романса/драма, со интересна приказна и многу убав избор на актери.

Група факултетски пријатели се собираат на венчавката на Лејла и Том. Меѓу нив е и старосватицата Лаура која имала некоја недефинирана романична приказна со зетот, додека пак невестата и била цимерка сите тие години на факултет.

Сега Лаура треба да гледа како љубовта на нејзиниот живот оди кај нејзината најдобра (истовремено и најлоша) пријателка.

Зетот е изгубен, дали е дека уште е заљубен во Лаура, дали ќе ја откаже свадбата?

Филмот изобилува од паметни дијалози (за машката неодлучност, вистинските пријателства), и секој од друштвото добива момент за да си ја раскаже својата приказна.

Ја имаме девојката за забава, угнетениот писател, тивката девојка, секогаш пијаниот итн.

Крајот на филмот е вистинска цреша на врвот од тортата. Со еден збор совршена кулминација на сите прикажани чувства.

Режија: Galt Niederhoffer
Глума: Katie Holmes (Лаура), Josh Duhamel (Том), Аnna Paquin (Лејла), Malin Akerman, Adam Brody, Elijah Wood, Dianna Agron


One Day (2011)

Ема и Декстер се запознаваат на денот на нивното дипломирање, 15 јули 1988.3-romanticni-filmovi-za-vikend-uzivanje-2

Ги следиме нивните животи, нивното пријателство и љубов низ годините и секогаш на истиот ден, 15 јули (од таму и насловот на филмот ;-).

Уште во старт ќе кажам дека британскиот акцент што пробува да го извади Ен Хатавеј е ужасен, но може да се премине преку тоа.

Од неуспешниот обид за „секс за една вечер“ во првата година, ги следиме низ животот преку смеа, солзи, караници, надежи, пропуштени шанси. Некогаш заедно, некогаш не.

Дали покрај сите поминати работи, покрај сите поминати години ќе сфатат дека било пишано да бидат заедно?

Предупредувам дека и овој филм е бавен, но ќе ви го растрепери срцето. А најсимпатично е како со секоја помината година се менува музиката и модата, низ 80тите, 90тите па до денес.

Крајот на филмот, исто како предходниот, е неочекуван и ќе ве раздрма. Но, сепак не очекувајте многу, за да не се разочарате многу.

Режија: Lone Scherfig
Глума:Anne Hathaway, Jim Sturgess


Remember Me (2010)

3-romanticni-filmovi-za-vikend-uzivanje-3

Ако сте фан на Роберт Патисон многу е веројатно дека веќе сте го гледале филмот, но за сите тие што не го гледале ете мало потсетување.

Прекрасно филмче и вреди да се погледне, нека не ве премислува фактот дека светкавиот вампир е во главна улога.

Тој го глуми Тајлер, млад и бунтовен дечко кој се опоравува од самоубиството на братот. Ја запознава Али, која се мачи со сопственото трауматско минато и го разбира.

Флертуваат, но со многу внимание, имаат толку многу фамилијарни проблеми што флертот изгледа како прошетка по минско поле.

Скоро цел филм е некако предвидлив, но тоа што го прави посебен е хемијата меѓу Тајлер и Али.

Иако се длабоко повредени и оштетени млади личности, постои простор за љубов и смеа.

Исто така убав дел од филмот е посветен на братско сестринската љубов меѓу Тајлер и неговата 11 годишна сестра.

Режија: Allen Coulter
Глума: Robert Pattinson (Тајлер) , Emilie de Ravin (Али)

Подготвил: И.Т.

Би можело да ве интересира:

Scarface и уште 4 популарни (и култни) филмови кои се римејкови Знаевте ли дека Scarface кој е популарен и денес е римејк на филм од далечната 1...
10 дистописки филмови што ќе ве натераат да размислувате Interstellar, V for Vendetta и Blade Runner 2049 се сметаат за едни од најдобрит...
10 (биографски) филмови за значајни научници, како Oppenheimer Radioactive за Марија Кири, но и The Theory of Everything за Стивен Хокинг се са...
„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезон... Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и слу...
10 филмови кои најреално го прикажуваат животот со депресија Melancholia ќе направи да се чувствувате меланхолично, додека Prozac Nation пока...
10 ретро филмови што ќе ве потсетат на поубави времиња Casper, Fluberr и The Flitstones се само дел од филмовите што ги гледавме пред, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg