Храната е во срцето на секојдневниот живот на луѓето, посебно кога е подготвена од врвни мајстори. А кога станува збор за подготовка на бурек или различни пецива на овие простори навистина имаме долга традиција. А ако некој сака бурек, кифлички или пецива тоа се дефинитивно Македонците! Најчесто за доручек, но и во секое време од денот. Едноставно уживаат во нив! Посебно ако се подготвени од домашно брашно, замесено од пекари, стари мајстори...