Евгенија Трифуновска (27), една од најеластичните и најфит Македонките: „Јадам многу благо, немам корекции на себе, вежбам јога и фитнес“
Нејзините дневни рутини за убавина се...
Само крема за лице наутро и пред спиење. Пијам многу вода, секој ден пешачам во природа со моето куче, читам убави книги, слушам музика 24/7, негувам убави мисли.
Ништо не го остарува и огрдува човека повеќе од стрес и лоша енергија.
Што се однесува до коментарите кои ги добива на социјалните мрежи, Евгенија признава...
Добивам секакви коментари, а најдраго ми е кога ќе ми кажат дека баш јас, моите објави биле причина и мотивација за и тие да почнат со вежбање.
Од машката популација секогаш добивам „креативни“ пофалби. И мислам дека девојка што вежба им е поатрактивна од секаква корекција.
Топ 3 совети од Евгенија за сите девојки кои сакаат добар и фит физички изглед:
- Денес уплати ја членарината за групен тренинг, или персонален тренер во теретана.
- Не се прејадувај.
- 3 месеци се доволни за Juicy телце во бикини.
П.С. Со јога се слабее, да.
Повеќе фотки и видеа од вежби за флексибилност и јога на Евгенија...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
M. M. | Црнобело