Евгенија Трифуновска (27), една од најеластичните и најфит Македонките: „Јадам многу благо, немам корекции на себе, вежбам јога и фитнес“
- Детали
- понеделник, 20 март 2023
„Немам направено корекции на себе, природно си е природно – освен јога, вежбам и фитнес, 3 пати неделно, а во однос на исхраната, не се придржувам до одредена диета. Добивам секакви коментари, најдраго ми е кога ги инспирирам за вежбање, а од машката популација секогаш имам „креативни“ пофалби“ – вели за CRNOBELO.com Евгенија, една од најеластичните Македонки, која има 48.000 Инстаграм следбеници.
Евгенија Трифуновска (27) е една од најеластичните Македонки, која на Инстаграм постојано споделува фотки и видеа од јога пози, каде и да се наоѓа - независно дали во сала или на плажа.
Таа е голем вљубеник во јогата веќе 8 години, но завидната фигура на телото ја одржува со дополнително вежбање фитнес и со тежински тренинзи, а признава дека кога станува збор за исхраната јаде сè, па дури и благо.
Во разговор за CRNOBELO.com таа открива што ја натерало на јога и што претставува тоа за неа, како го одржува телото во форма, но споделува и 3 совети за сите девојки кои сакаат да го постигнат истото.
За еластичноста и јогата со која е опседната, Евгенија за CRNOBELO.com вели...
Пред 8 години прв пат посетив семинар, кој беше поврзан со јога, со медитација, најмногу со техники на дишење наречен „Art of living“. Од тука, сама почнав да истражувам на интернет за видовите на јога кои вклучуваат и движења, бидејќи цел живот сум физички активна најмногу преку танцот (од каде доаѓа и мојата еластичност).
Заследив многу „јога Инстаграм профили“ и сама почнав да пробувам да ги имитирам акробатските движења што ги гледав. Тоа стана дел од секој мој ден, се навлеков!
Кога ќе успеете да направите нешто што претходно личело на невозможно, сфаќате дека нема граници за умот и телото, на пример, за мене тоа беше „стој на раце“.
Во 2017-та година додека бев на Work and travel програмата за студенти во Америка, се запишав на Мysore ashtanga yoga практиканство.
Не пропуштив ниту едно утро во 6 часот да бидам во сала во текот на месец и пол, освен во деновите на Нова и Полна Месечина, кога не се препорачува практикување на овој вид јога.
Тогаш сериозно ги сфатив бенефитите од јога. После часот имав фул енергија за работа низ целиот ден, се чувствував необично среќно и здраво и бев решена дека ќе продолжам со истата пракса секое утро штом се вратам во Македонија.
Очигледно гените имаат вмешано прсти во нејзиниот изглед, но телото таа го одржува и со дополнително вежбање, за кое вели...
Вежбам и фитнес, 3 пати неделно, тежински тренинзи, кои заедно со истегнувањето на мускулите од јогата (тонирање) е перфектна и препорачлива комбинација.
Во однос на исхраната, не се придржувам до одредена диета, јадам месо, зеленчук и овошје... и многу благо, кроасани, ммм ?.
Конечно од пред 2 седмици решив дека шеќерот не е воопшто добар и го отфрлив целосно.
Сепак добивам коментари од другите: „имаш среќа што на тоа јадење изгледаш така...
Кога станува збор за корекции на себе vs. природен изглед, Евгенија открива...
Немам направено корекции на себе. Секако дека „Природно си е природно“, сѐ додека тоа е она во што личноста се чувствува убаво и самоуверено.
И тука, како и во секоја област, мислам дека умереноста е многу важна.