Марио Арангеловски, бесен по објавата на новата песна: „Македонче како Македонче – ем плука, ем сака да гледа задници“

„Јас, на пример, после моето учество во „Ѕвездите на Гранд“ објавив песна на српски јазик. Еден куп квази патриоти ми се дрзнаа со неосновани критики. Прво, им бодеше очи моето појавување во веќе споменатото шоу, демек било шунд, а потоа и мојата песна која е на српски јазик. Еве, сега објавив на македонски, но...“, се жали пејачот Марио Арангеловски (27) и ја споменува неговата менторка од Гранд, Јелена Карлеуша.

mario-arangelovski-besen-po-objavata-na-novata-pesna-makedonche-kako-makedonche-em-pluka-em-saka-da-gleda-zadnici-01.jpg

Марио Арангеловски (27) од Куманово ја започна својата музичка кариера во повеќе музички натпреварувања, како наши, така и регионални, како што се „Сите наши песни“ и „X-Фактор Адриа“, а учествуваше и на српското шоу „Ѕвездите на Гранд“.

mario-arangelovski-besen-po-objavata-na-novata-pesna-makedonche-kako-makedonche-em-pluka-em-saka-da-gleda-zadnici-02.jpg

Има студирано социологија, но музиката е неговата љубов. Досега има објавено една песна на српски јазик, а сега ја објави и првата песна на македонски јазик.

Најголема поддршка, покрај семејството, му е неговата пријателка Ивона Јо, која неодамна исто така ја сними својата прва песна.

mario-arangelovski-besen-po-objavata-na-novata-pesna-makedonche-kako-makedonche-em-pluka-em-saka-da-gleda-zadnici-04.jpg

Тој ја објави песната „ФОН“, кој е соработка со музичарот Мише.

Но, Марио незадоволен од начинот на кој поминала промоцијата на неговата песна во јавноста, напиша објава на Инстаграм, полна со бес и разочараност.

Тој се пожали на тема третманот на македонската музика, како и интересот на самата публика.

Неговата објава гласи:

„Да објавев експлицитно видео цела македонска јавност ќе дискутираше за мојот морал или полов орган, но, за жал или среќа на повеќето, одлучив да објавам нов музички проект на којшто работев со месеци наназад.

Пред да продолжам сакам од сè срце да ви се заблагодарам на сите до еден, скоро 10.000 на број, кои одвоивте две минути и погледнавте што сме сработеле.
10.000 прегледи се можеби малку, но 10.000 луѓе полнат цела една концертна сала.

mario-arangelovski-besen-po-objavata-na-novata-pesna-makedonche-kako-makedonche-em-pluka-em-saka-da-gleda-zadnici-08.jpg

Така што, бројките како бројки не ме загрижуваат, песната одлично циркулира и генерално сум задоволен од реакциите. Но, она што ме фрустрира е менталитетот кој овде владее, кога е музичката сцена во прашање.

Сите, демек остануваме со подзината уста кога се дискутира на тема естрада и шоу бизнис. Сите сме сложни и свесни дека во Македонија такво нешто не постои веќе една деценија, ако не и повеќе.
Со чест на исклучоци. Одвреме навреме знае да им помине по некоја песна на 2Бона и Пајак. И, секоја им чест!

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg