Нашиот, а светски стилист Марјан Петров ја шминкаше Јелена Томашевиќ за концерт со Андреа Бочели во Абу Даби
- Детали
- петок, 25 ноември 2022
Магичните раце на Марјан Петров беа задолжени за изгледот на Јелена Томашевиќ на концертот на Андреа Бочели. „Јелена е прекрасна, а се запознав и со Андреа Бочели и неговата сопруга, кои се исто така многу добри луѓе...“, споделува нашиот стилист директно од Абу Даби за CRNOBELO.com.
Вчеравечер (24.11), светскиот тенор Андреа Бочели одржа концерт во Абу Даби, заедно со симфонискиот оркестар на Радио телевизија Србија и со српската пејачка Јелена Томашевиќ, како гостинка.
Бочели во месец јули настапуваше во Србија, па по успешната соработка со оркестарот на РТС, одлучи токму со него да соработува и за настапот во Абу Даби, каде имаше повеќе од 20.000 посетители.
Интересно е што дел од овој светски спектакл беше и нашиот познат стилист Марјан Петров од Струмица.
Тој досега има соработувано со многу домашни и балкански естрадни уметници, а директно од Абу Даби ни открива како настанала соработката со Јелена Томашевиќ.
Марјан Петров за CRNOBELO.com вели:
„Сè се случи неочекувано, пред една седмица во Струмица. Јелена имаше концерт во Струмица и организаторите на тој концерт ме препорачале мене да ѝ бидам стилист за концертот.
Се запознавме и низ муабет стана збор за мојот планиран одмор во Дубаи и за нејзиниот настап во Абу Даби, па тајмингот некако се погоди.
Инаку, Јелена и нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ се многу внимателни и добри луѓе, кои ми организираа сè за да бидам дел од тој спектакл.
Го запознав и Андреа Бочели и неговата сопруга, кои се исто така многу добри луѓе.
Концертот беше на многу високо ниво, а Јелена со оркестарот од РТС беа гости на тој концерт. Андреа Бочели по успешна соработка со овој оркестар во Србија, одлучил токму тие да го придружуваат на сцената.“
Повеќе фотографии од Марјан Петров во Абу Даби, но и од одморот во Дубаи: