Панични напади, депресија: Наши и светски ѕвезди кои искрено говорат за своите животни битки и нè охрабруваат

Во време кога Инстаграм ни презентира лажна реалност, среќни сме што постојат славни дами како Миа Костова, Елена Петреска, Селена Гомез, Адел кои се тука да нè потсетат дека тие се исти како нас, со многу проблеми, несигурности и животни битки. Миа Костова говореше за паничните напади, Елена Петреска за анксиозноста...

panichni-napadi-depresija-nashi-i-svetski-dzvezdi-koi-iskreno-govorat-za-svoite-zhivotni-bitki-i-ne-ohrabruvaat-01.jpg

Живееме во време кога самодовербата се мери според бројот на лајкови на фотографиите обработени со разни апликации за на Инстаграм.

Гледаме изглед и животен стил кој е нереален и потоа се чувствувме лошо и сме незадоволни од нашиот живот.

Но, за среќа постојат славни дами кои се тука да нè потсетат дека сето тоа што го гледаме не е вистина и дека тие се исти како нас, со многу проблеми, несигурности и животни битки.

Славни дами кои искрено говорат за своите животни битки и нè охрабруваат:

Елена Петреска – анксиозност

Нашата пејачка направи храбар потег кога пред извесен период отворено проговори за најтешкиот период од нејзиниот живот кога се соочувала со анксиозност.

„Медиумската експонираност и изложеноста под лупа од јавноста, воспоставување спогодба со сечиј коментар, поистоветување со сечие мислење ме направи толку несигурна во себе и ја изгубив целата самодоверба до толку што за секој тон што ќе го испеев, за секое мое појавување на ТВ чувствував огромен притисок и постојано го слушав критичарот во мене. Тој лошиот критичар, едно гласче кое постојано како расипана лента вртеше во мене и го исцица и последното атомче на самодоверба.

Чувство дека ништо не заслужувам, дека сите се подобри од мене, чувство дека не сум достојна никој да ми подаде рака, е тоа ме понесе на најниската фреквенција во животот. Тука настапи незадоволството, анксиозноста, несоницата, прејадувањето… тој магичен круг во кој се вртев со години“, гласи дел од нејзината исповед (која целосно можете да ја прочитате ТУКА).

View this post on Instagram

A post shared by Elena Petreska (@elenapetreska___)

Миа Костова – панични напади

Нашата водителка и инфлуенсерка отворено и смело говори на многу теми, а комплетно искрена е и за нејзиното соочување со паничните напади.

Таа вели дека години наназад го има овој проблем, но дека веќе и пронашла начин барем делумно да ги исконтролира, инаку знае дури да се пошегува на своја сметка со изјави од типот: „Јас кога доживувам паничен напад и се прашувам дали ќе умрам“ и да стави некоја смешна фотка.

Нина Јанева – вишок килограми

Нина Јанева отворено говореше дека ослабела повеќе од 25 килограми и дека не планира да сопре додека не види дека ѝ се допаѓа тоа што го гледа.

Во јули 2021 година таа објави фотографии од својата трансформација и напиша: „Ќе разберат само оние кои долги години се борат со вишокот килограми... Едно знам: БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА! Ве сака вашата 25 килограми полесна и многу поздрава Нинка!“

panichni-napadi-depresija-nashi-i-svetski-dzvezdi-koi-iskreno-govorat-za-svoite-zhivotni-bitki-i-ne-ohrabruvaat-02.jpgфото: Фејсбук Нина Јанева

Нина Ред – проблеми со акните

Нашата водителка, танчарка и инфлуенсерка Нина Ред, односно Николина Славковска, го покажа лицето во природно издание јавно во декември 2021 и напиша дека по 9 години за првпат собрала храброст отворено да говори на темата и да излезе и да се прошета без да ги крие акните.

„За лице со постојано појавување на акни, најголем предизвик е да излезеш на улица без шминка. Не зборувам за тоа кој и како ќе ме гледа, туку да се обидам да излезам од својот кафез“, гласи дел од нејзината емотивна исповед (која целосно можете да ја прочитате ТУКА).

Селена Гомез – живот со автоимуната болест лупус

Селена Гомез секогаш е искрена со фановите, без разлика дали се работи за борбата со лупус или со психичките проблеми. Таа во 2017 година имаше трансплантација на бубрег, кој го доби од пријателка и со тоа доби втора шанса за живот. Целиот процес го сподели со јавноста.

panichni-napadi-depresija-nashi-i-svetski-dzvezdi-koi-iskreno-govorat-za-svoite-zhivotni-bitki-i-ne-ohrabruvaat-03.jpg

Уште 5 славни дами на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg