Состојба до 31.03.2020: Во Македонија има 44 новозаболени, досега направени се вкупно 3518 тестови
- Детали
- вторник, 31 март 2020
Во новото соопштение кое се однесува на состојбата на заболени пациенти од корона вирус во Македонија до 31.03.2020, до 12 часот на пладне, Министерството за здравство соопшти дека во земјава има 44 нови случаи.
Деталната состојба според соопштението на Министерство за здравство е следна:
Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје- 175
- Дебар – 47
- Куманово – 47
- Штип- 14
- Тетово – 10
- Прилеп – 10
- Струга – 7
- Велес – 6
- Битола – 4
- Охрид – 3
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 1
- Крива Паланка – 1
- Струмица – 1
- Гевгелија – 1
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.
Би можело да ве интересира:





