Нова мерка на Владата – Ограничено движење за време на викендите во земјава
- Детали
- среда, 25 март 2020
Владата донесе уште една мерка која го ограничува движењето на сите граѓани во земјава за време на викендите со цел спречување на ширење на корона вирус.
фото: depositphotos.com
Откако воведоа полициски час, а потоа ги воведоа и дополнителните мерки за движење на лица постари од 67 години и лица до 18 години, владата донесе уште една мерка која го ограничува движењето на граѓаните за викенд.
Во соопштението на владата стои:
Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.
Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!
Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани.
https://www.facebook.com/VladaMK/photos/a.233777356681463/2950931781632660/?type=3&theater