Првиот Жито Лукс натпревар во готвење, со новите XL лебови
- Детали
- понеделник, 03 јуни 2019
Неодамна компанијата „Жито Лукс“ ги претстави на пазарот новите XL лебови на парчиња. По претставувањето на овој новитет, „Жито Лукс“ го организираше и првиот XL натпревар во готвење, каде беа собрани најдобрите и најталентирани готвачи од овие простори. Софка, Фичо, Теа и Цуклев ги искористија своите способности да ѝ ги претстават на јавноста големиот број можности кои ги нудат XL белиот и ‘ржан леб за подготовка на сендвичи кои одговараат на сечиј вкус.
Сендвичите приготвени од вештите раце на натпреварувачите беа оценувани во четири категории: брзина, вкус, висина и стабилност. Победник во категоријата брзина е Цуклев со својот сенвич, кој беше направен со XL леб со ‘ржано брашно, свежа крставица, јајце, авокадо, лимон, печен сусам, магдонос, копар, сол и црн пипер. За подготовка на овој сендвич нему му беа потребни само 38 секунди. Победникот во категоријата вкус е деликатесниот сендвич на Софка за кој беа потребни XL лебот со ‘ржано брашно, боровница крем сир, дробени ореви, мисиркини гради, шери, бејби рукола и микро салата.
Победниците во останатите две категории може да ги погледнете на YouTube каналот на „Жито Лукс“ како и на Facebook фан страницата на компанијата. Добропознатиот вкус, состав и секако, квалитет може да ги најдете во новото XL пакување од 500 грама. Поголеми парчиња за повкусни сендвичи и за уште повеќе уживање!