Интервјуа спонзорирани од Marella. Ана Стојановска: природна, прекрасна и амбициозна

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-01.jpg

Те препознаваме од улогата во „Мајки“ на Милчо Манчевски, кажи ни како дојде до тоа да се вклучиш во овој проект? Кажи нешто повеќе за искуството да работиш со Милчо Манчевски? Што најмногу научи од ова искуство?

За кастингот дознав за време на снимањето на ријалити шоуто Survivor. Во Скопје се вратив полна со самодоверба и жедна за нови искуства. Пристигнав во момент кога веќе се случуваше третиот круг и веднаш ја добив улогата. Искуството да се работи со Милчо е неверојатно. Научив многу за мерката во филмскиот актерски израз. Научив како уметникот треба да му пристапи на делото што го креира, со колку страст, емоции, верба и без компромиси. Научив колкава улога може да има филмот во освестувањето на луѓето во едно општество. Фактот што учествував во ваков контроверзен документарно-игран експеримент, ме прави исклучително горда и среќна.

Се занимиваше и со манекенство одреден период. На што те научи ова искуство? Дали сметаш дека модата е вид на уметност?

Модата ми покажа дека сакам да ја следам но и дека не сакам професионално да се занимавам со неа. Модниот дизајн е уметност, манекенството донекаде поза. Не можев да се видам себе ни во едното ни во другото.

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-02.jpg

Ја играш Ана во новиот филм на Борјан Зафировски – „ Ефектот на среќата“. Млад, талентиран колектив заедно со тебе. Како беше енергијата на снимање? Што да очекуваме од ова филмско остварување?

Прерано е да се зборува за очекувањата на еден филм се додека филмот не искочи како финален продукт. Атмосферата беше позитивна а од она малку што успеав да го видам, сигурна сум дека визуелно ќе биде еден од највозбудливите и најубави филмови во нашата кинематографија.

Претставата „ Еден месец на село“ оваа година се закити со Златна Бубамара. Твојата улога е Катја. Што значи за тебе оваа улога? Како е да бидеш дел од ваков тип на претстава?

Во театарските кругови често се зборува за соработката и взаемната почит што ја имале Паоло Маѓели и татко ми Ненад. Доведена е до ниво на мит кој го идеализираат нови генерации на млади уметници. Можам да кажам дека Паоло ме познава од дете а сега јас требаше да го запознаам него. Бев нервозна, возбудена, имав многу прашања за него и исто толку трема во себе. На крајот сфатив и сама зошто Паоло има репутација на голем човек и голем уметник и зошто е еден од најпочитуваните режисери на денешницата. Едноставен е до совршенство како и секој друг генијалец.

„Еден месец на село“ е претстава од која најмногу научив за театарот. Академија по завршувањето на академијата. До ден денес се навраќам на процесот и одново откривам нови тајни на занаетот.

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-03.jpg

Те препознаваме и по многу телевизиски проекти како последната улога во ТВ серијата „Инсајдер“. Какви реакции добиваш од ваквиот тип на телевизиски улоги. Дали луѓето повеќе те препознаваат на улица? Дали да очекуваме повеќе такви проекти и улоги во иднина?

 Да, сите овие ТВ серии придонесуваат за одреден вид на популарност што е потребна за одржување на континуитет во работата. Уживам да работам и среќна сум ако тоа и се допаѓа на публиката.

Што е следно за тебе професионално?

Ако нема некои позначајни измени во програмата на МНТ, есенва ќе работам на нова театарска улога а на повидок е и еден интернационален филмски проект но сеуште не сум сигурна дали ќе бидат прифатени условите што сакам да ги поставам.

Во моментов работам со Нела Витошевиќ, трагедијата „Макбет“ од Шекспир, која би требало својата премиера да ја има во МНТ на почетокот на Мај.

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-04.jpg

Препорачај ни македонски филм за викенд.

 „Тајната состојка“, ако сеуште постои македонец што не го изгледал.

Дали сметаш дека твојот личен стил те отсликува тебе како карактер. Кое парче облека најмногу ја дефинира Ана.

Низ годините сменив многу модни стилови. Таканаречената улична мода со која се запознав за време на мојот престој во Њујорк, сеуште ми е најблиска до мојот карактер.

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-05.jpg

Што не би облекла никогаш не премиера?

Би облекла било што ако е ставено во вистински контекст.

Што те прави среќна, приватно и професионално? Што е она што те мотивира секој ден?

Физичките и менталните патувања.

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-06.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-07.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-08.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-09.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-10.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-11.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-12.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-13.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-14.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-15.jpg

intervjua-sponzorirani-od-marella-ana-stojanovska-prirodna-prekrasna-i-ambiciozna-16.jpg

Модел// Ана Стојановска
Облека// Marella
Фотографија// Александра Костадиновска
Шминка// Васе Доковски ( Beauty Hub 202 )
Коса// Даниел Артевски ( Beauty Hub 202 )

Би можело да ве интересира:

Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg