Бимилк донираше за Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“

Потенцирајќи ја повторно својата општествено одговорна мисија и стратегија да биде долгорочен партнер на заедницата и на оние на кои најмногу им е потребна помош, Битолска млекара денес оствари голема донација за Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“.

bimilk-donirase-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-shuto-orizari-01.jpg

Пакети од најразлични млечни производи утринава беа истоварени во Здравствениот дом во Шуто Оризари, каде што е лоциран Дневниот центар, а во кој се згрижени вкупно 110 ромски деца, деца на улица од општина Шуто Оризари, на возраст од 4 до 18-годишна возраст.

Оваа донација, како што велат од Бимилк, е реализирана со цел да им се помогне колку што е можно повеќе на сите социјално ранливи категории и да се придонесе за нивно добро здравје и подобар квалитет на живот.

„Хуманоста не треба да познава граници. Ниту временски, ниту територијални, ниту по која било друга основа. Лично сметам дека е наша обврска да ѝ вратиме на заедницата во која дејствуваме, бидејќи токму таа заедница е онаа што го гради брендот на Бимилк повеќе од 65 години наназад. Децата се нашата клучна категорија и секој придонес за нивно подобро здравје е наша долгорочна цел и заложба на која континуирано работиме“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

bimilk-donirase-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-shuto-orizari-02.JPG

„Едукативниот дневен детски центар за деца на улица“ го реализира Здружението за заштита на правата на детето, чија главна цел е социјална интеграција и оттргнување на децата од улица и нивно вклучување во нормалните текови на општественото живеење. Во Дневниот центар, децата се прифатени и заштитени и го минуваат времето на корисен и структуриран начин, со што се стимулираат и се развиваат нивните потенцијали и капацитети за нивна социјализација, раст, развој и вклученост во заедницата.

„Навистина е прекрасно кога некоја општествено одговорна компанија ќе се сети на нас, а задоволството е уште поголемо кога не мора самите да бараме донатори, спонзори, помагачи. Бимилк на целосно сопствена иницијатива одлучи да им помогне на дечињата згрижени во нашиот Центар и убедена сум дека само со вакви несебични гестови ќе успееме да создадеме едно похумано општество за сите нас“, изјави Ирена Велкоска, координатор на Здружението за заштита на правата на детето.

Инаку, и во минатото Битолска млекара помага на најразлични начини за социјално ранливите категории и за добросостојбата на заедницата воопшто, соработувајќи со повеќе невладини организации и здруженија.

bimilk-donirase-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-shuto-orizari-03.JPG

bimilk-donirase-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-shuto-orizari-04.JPG

bimilk-donirase-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-shuto-orizari-05.JPG

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg