Алва – слатко задоволство што се топи во уста

Сите, барем еднаш во животот сме го слушнале изразот: „Оди како алва!“, што кажува многу за нашата култура и односот кон алвата како еден од најобожуваните слатки деликатеси на овие простори, а воедно и насекаде во светот. Овој израз буквално ја става алвата пред лебот што значи дека некогаш се чекале редици луѓето да ја набават, за потоа веднаш да биде распродадена.

alva-slatko-zadovolstvo-sto-se-topi-vo-usta-01.jpg

Во Македонија, алвата може да се сретне во повеќе варијанти. Зависно од регионите, алвата од гриз се нарекува невестинска или старинска алва. Во минатото ваквата алва била неизбежен дел од свадбите и другите прослави. Таан-алвата е најмногу распространета, најпопуларна и според многу – највкусна. Со својот единствен и незаменлив вкус, алвата претставува најдобар десерт за целото семејство кој се топи во устата, идеален додаток со кафе, но и совршен десерт за оние кои постат.

Главна состојка на превкусната таан  - алва е таанот кој е паста од сусамови зрна. Таанот е толку здрав што иако постите неговите благородни својства ќе ви помогнат во подобрување на крвната слика, во отстранување на малаксаноста и ќе ви дадат енергија за претстојниот ден.

Традицијата за консумирање алва сè уште опстојува. Дури и оние најмалечките со сласт ја јадат и многупати ја одбираат пред чоколадото. Нејзината лесна и мазна текстура повеќе слојниот вкус и мирис прават да не можеме да и одолееме.

alva-slatko-zadovolstvo-sto-se-topi-vo-usta-02.jpg

Овој деликатес секогаш може да се најде на полиците во супер маркетите, маалските продавници, не само во Македонија, туку ширум светот.

Дониа, која е денес е дел од реномираната компанија Макпрогрес се грижи да ја произведе највкусната традиционална алва, по традиционален рецепт која потоа се дистрибуира на национално ниво но и на пазарите во странство со што им го доближува овој прекрасен вкус на сите луѓе во светот.

Дониа претставува национален бренд со доверба и асоцијација за традиционален и квалитетен производ кој е 100% природен и не прави горди со тоа што ја задржува, заштитува и промовира македонската кујна со своите рецептури.

alva-slatko-zadovolstvo-sto-se-topi-vo-usta-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg