Отворен повик за стипендија за Академија за Човечки Ресурси
- Детали
- сабота, 01 септември 2018
Отворен е повикот за стипендии за есенската генерација за 2018/2019 година за HR Академијата на Clear View Бизнис Тренинг Центар.
Се доделуваат две целоси и четири делумни стипендии. Вредноста на целосните стипендии е 1.600 евра колку што чини посетата на целата HR Академија. Целосната стипендија ги покрива предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 9 месеци, од септември 2018 до јуни 2019.
Ова е одлична можност за стипендирање за кандидати кои се посветени, кои имаат позитивен став и се отворени за постојан личен развој.
HR Академијата е креирана со практичен пристап и работа на менторски принцип. Знаењето кое се стекнува е применливо веднаш по завршување на Академијата
Како да аплицирам за стипендија за HR Академијата на Clear View Бизнис Трениг Центар?
Побарајте ја апликацијата за стипендија на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и пополнета заедно со Вашето CV пратете ја на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10 септември.
Повеќе детали за апликацијата за стипендија се достапни на веб страницата на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центарот.
Краен рок за апликација за стипендија е 10 септември.