Интервју со американскиот диџеј Хуан Аткинс, Кумот на техно музиката

Од соработката со Џијан Емин сфатив дека сите мои песни не се само технологијата, туку вистински ноти, музика, емоција

intervju-so-amerikanskiot-dj-huan-atkins-kumot-na-tehno-muzikata-1.jpg

The Originator e инспириран од желбата за создавање на уникатно музичко-сценско дело, во кое главни протагонисти ќе бидат Juan Atkins и Македонската Филхармонија, под уметничко раководство на виртуозот Џијан Емин, преточени во неповторливо доживување, под отворено небо.

Juan Atkins е музичар кому му се припишува заслугата за креатор на техно музиката, позната како Detroit Techno откако Atkins и техно ко-креаторите Derrick May и Kevin Saunderson го формирале познатото трио, The Belleville Three.

The Originator ќе ја претстави светски реномираната музика на Juan Atkins, а ќе биде проследена со звуците на Македонската Филхармонија, разни аудио-визуелни ефекти, нудејќи футуристичко, мултисензорно доживување.

Хуан, гордо ја носите титулата The Godfather of Techno (кумот на техно музиката). Како 15годишно момче, со ново живеалиште во Belleville, предградие на Детроит, започна да покажува интерес во електронските музички правци?

Хуан: Најдобро да започнам со тоа што јас бев заинтересиран за музика од кога паметам за себе. Отсекогаш сум имал посебна љубов кон музиката. Првата гитара ја добив од татко ми за десеттиот роденден и така ме „навлече” на пишување и свирење од рана возраст. Потоа, ја убедив баба ми да ми купи синтисајзер. Мојот подарок беше меѓу првите модели кои тогаш излегоа, а јас бев импресиониран од можностите кои ги нуди овој инструмент, па така почнав да правам целосно свои песни со електронски призвук.

Која е приказната позади Detroit Techno и The Belleville Three?

Хуан: Да се навратам на претходниот одговор – кога се запознав со Derrick May и Kevin Saunderson, веќе бев во средно школо, а до тогаш на синтисајзерот создавав демо снимки од сопствена, електронска музика. Нашето дружење не беше одбележано со музика и техно. Ние почнавме да креираме заедно дури по матурирање, кога бев прва година на колеџ и веќе имав објавено своја музика со Rick Davis. Поради успехот на оваа музика, која патем беше само електронска, Derrick и Kevin ме контактираа да соработуваме. Нашата соработка звучеше толку добро и различно што веднаш беше „извезена” во Обединетото Кралство, па од Лондон продолжи да патува низ цел свет. А името The Belleville Three, го добивме само по себе... ние сме тројца, а учевме во The Belleville средното училиште. Во едноставноста е тајната.

Од Соединетите Американски Држави, Вашиот звук допатува до Европа и создаде музичка корелација со продуцентите Moritz и Mark од Basic Channel, Германија, како и два концерти во Трезор, Берлин. Може да ни кажете нешто повеќе за ова „патување” и искуство?

Хуан: Откако нашата музика се прослави низ Европа, јас, Derrick, Kevin и Eddie Folks, друг другар од средно школо, добивавме покани за гостувања, емисии, сетови насекаде низ овој континент. Па така, едно од патувањата беше Берлин и првата дискотека каде што ме викнаа беше Трезор. Таму се запознав со Thomas Fehlmann и Mark Ernestus и тогаш го создадовме триото – Three men in Berlin. Сега еден друг состав од тројца залудени по музика беа на друга локација, J. Moritz е пријател на Mark, па со неговото продукциско знаење бевме подготвени да ги снимиме и реализираме нашите проекти како Three men in Berlin. Moritz е човек без чие продукциско знаење немаше толку добро да успееме. Некако кликнавме, создававме одлична музика и продолживме со исто темпо во последниот проект заедно, пред само две години го презентиравме – Borderland.

Колку и дали е различна техно индустријата во Америка и Европа?

Хуан: Јас сум роден во Америка и сум Американец, ја носам титулата The Originator of techno, но не мислам дека има некоја вистинска разлика. Можеби тоа се должи на фактот што Европа само ја прифати и прилагоди техно музиката за нивните вкусови, а сепак се приврза повеќе за неа отколку Американците. За разлика од Америка, каде што мојата музика опфаќаше помал број слушатели и број којшто е поселектиран, во Европа некако се чини дека стана mainstream и техното само по себе стана една од најслушаните музики.

intervju-so-amerikanskiot-dj-huan-atkins-kumot-na-tehno-muzikata-3.jpg

Кој е главниот „виновник” за почетокот на соработката и пријателството со нашите Огнен Узуновски, Џијан Емин и Излет Мјузик Продакшн? Какви се Вашите впечатоци за македонската клупска сцена и големиот број љубители на електронскиот звук?

Хуан: Јас го запознав Оги пред некоја година откако ме покани да пуштам музика во Сектор. Дури по некое време дознав дека тој и Џијан соработуваат и дека Џијан имал концерт со филхармонија и Derrick May. Преку него, станав пријател со Џијан, кој рече дека сака да направи таков концерт со мојата музика. Се поврзавме и решивме дека треба тоа да го направиме.

Во пресрет на Вашето гостување во Охрид, најавениот музички спектакл заедно со Џијан Емин и Македонската филхармонија, во организација на Излет Мјузик Продакшн и нивните пријатели, би сакале да ни го споделите севкупното искуство со подготовките на настанот, доаѓањето во Македонија и очекувањата од истиот?

Хуан: Дојдов пред некој ден, отидов на неколку проби кои не се новитет за мене со оглед на тоа што веќе соработував со Џијан за концертот во Белград пред некоја година. Но, разликата овде е што седев во Македонска филхармонија, а не на отворен простор како минатиот пат, наменет за фестивали и кога ја слушнав музиката со таа акустика на просторот, ми дојдоа солзи на очите. Тогаш сфатив дека целокупната композиција и сите песни кои ги напишав пред многу години, не е само до технологијата, туку дека тоа се вистински ноти, емоција, музика која е напишана. Затоа, сметам дека ова искуство беше воздигнувачко за мене, ме носи до нови височини и нови начини како да ја презентирам мојата музика на светот.

Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg