Празничната магија се негува со дарувањето

Макпрогрес Виница заокружи уште една успешна календарска година исполнета со многу позитивни мигови за компанијата, вработените и потрошувачите.

praznicnata-magija-se-neguva-so-daruvanjeto-3.jpg

Годината што измина ја одбележаа нови вкусови и производи од брендот Винчини, нови светски пазари на кои се пласираа производите на Макпрогрес, претставувања на интернационални саеми за храна, семинари за вработени и хуманитарни акции. Од година во година, како што расте компанијата, се зголемуваат и заложбите и целогодишните активности на Макпрогрес во заедницата.

Во претпразничниот период компанијата реализираше низа хуманитарни активности и донации, кои им донесоа радост најмногу на дечињата. Децата од повеќе училишни центри, здруженија и детски градинки добија новогодишни пакетчиња полни со вкусните слатки на Винчини.

praznicnata-magija-se-neguva-so-daruvanjeto-1.jpg

“За нас претставува огромна радост секоја детска насмевка. Со децата се дружиме во текот на целата година низ разни активности, но за време на зимските празници тие се особено возбудени околу слатките пакетчиња кои им ги носи Дедо Мраз и возрасните. Затоа се потрудивме да израдуваме што е можно повеќе дечиња од различна возраст ширум нашата земја.  Новогодишните пакетчиња Винчини  ги израдуваа децата од Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација “Партенија Зографски” Скопје, децата од Заводот за ментално здравје за деца и младинци “Младост”-Скопје, децата од Дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост – Виница. Дедо Мраз со полна торба Винчини производи ги посети и децата од ромската заедница, како и децата на социјално исклучените семејства од Штип за кои се залага здружението Цивитас“ – изјави Марина Андреева, маркетинг координатор во Макпрогрес Виница.

 Покрај чоколадните задоволства со кои ги опсипуваме децата во празничниот период, сите се трудиме да им создадеме магични мигови кои ќе ја исполнат детската фантазија и ќе создадат весели спомени врежани во спомените за детството. Овие денови за децата се исполнети со новогодишни приредби, божиќни песнички, празнични традиции и театарски претстави со Дедо Мраз кои за децата претставуваат вистински доживувања.

Макпрогрес за децата на вработените традиционално секоја година приредува новогодишна претстава, на која присуствуваат Дедо Мраз и кравичката Алми – маскота на омилениот производ на децата, чоколадниот крем Алми.

praznicnata-magija-se-neguva-so-daruvanjeto-2.jpg

“На наше огромно задоволство, бројот на децата на вработените постојано се зголемува. Оваа година 280 дечиња уживаа во претставата “Убавицата и Ѕверот“ во изведба на актерите од Колозов театар, а на крајот сите добија новогодишни пакетчиња со нивните омилени производи од Винчини. Атмосферата беше прекрасна! Вистинска детска празнична прослава! Од името на Макпрогрес Виница, од името на вработените и менаџерскиот тим, им посакувам среќни празници на сите наши соработници и потрошувачи. Нека оваа година донесе топлина и радост во вашите срца„ – додава Марина Андреева.

Смислата на празниците се огледува во дарувањето, споделувањето и благодарноста. Вистинскиот начин на празнување се состои во радоста која сте во можност да им ја приредите на саканите околу вас. Не пропуштајте можност да донесете насмевка на некое лице!

praznicnata-magija-se-neguva-so-daruvanjeto-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Принцези, суперхерои и Дедо Мраз им измамија насмевка на децата на Клиниката за детски болести Под мотото „Да подариме насмевка“, волонтери од Црвениот крст Скопје шеста годин...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg