Победниците од наградната игра „Smoki Friendy“ ја започнаа својата авантура во Милано
- Детали
- четврток, 29 декември 2016
Благодарение на наградната игра на Соко Штарк „Smoki Friendy“, среќните добитници од целиот Балкан ја започнаа својата најубава патувачка авантура. Трудот за најинтересна фотка или видео вклучувајќи ги омилените крцкави Смоки се исплатеше, бидејќи ова е најдобриот начин да се запечати крајот на годината, со патување кое ќе се памети засекогаш.
Собирајќи ги среќните победници од целиот Балкан – Македонија, БиХ, Србија, Хрватска и Словенија, автобусот почнува да го голта асфалтот до првата дестинација на патувањето – Милано.
Долгите патувања умеат да бидат напорни и мачни, но ова започна опуштено и релаксирано, благодарение на доброто друштво и огромната вреќа Смоки која со задоволство ја празневме за време на патувањето.
Во раните утрински часови пристигнуваме во Милано, кое дарежливо нè дочекува со сонце.
Време е за првата групна фотка пред замокот Сфорца, еден од најавтентичните симболи на градот. Заштитен од сите четири страни со кули, задржувајќи го средновековниот концепт на градба, замокот Сфорца денес претставува музеј каде што се сместени огромен број на фрески, мозаици и скулптури кои датираат од 4-от до 11-от век, но и вредни колекции на слики, музички инструменти и уникатни парчиња мебел.
Продолжуваме кон третата најголема катедрала во Европа, гордоста на Милано - Катедралата Дуомо. Ова импресивно архитектонско здание е најсовршен пример за готска архитектура.
Нејзиното градење опфатило 5 векови, а конечниот резултат е раскошна градба со мермерна фасада која брои 135 врвови и неверојатни 3.255 статуи. На највисокиот врв на катедралата Дуомо е сместена статуа од злато на Девица Марија во барокен стил, која воедно е и симбол на градот.
Додека се фотографираме, сфаќаме дека дури и гулабите на плоштадот Дуомо не се имуни на вкусот на Смоки. Всушност, имаме залихи од нив во сечија чанта, бидејќи не се знае кога ќе те нападне гладот.
Од плоштадот Дуомо се упатуваме кон соседниот плоштад за да ја ѕирнеме Миланската Скала, една од најпознатите оперски куќи во светот.
Патот води низ трговскиот центар Виктор Емануел, кој е всушност затворен пасаж кој ги поврзува двата плоштади.
Галеријата која е во форма на крст со масивна купола на врвот од стакло и железо под својата закрила ги собира сите светски луксузни брендови, многубројни продавници за накит, кафе-ресторани каде што може да каснете италијански специјалитети и десерти и пријатно да се релаксирате, со поглед кон една од најубавите елки во Милано, целосно украсена со Сваровски лампиони.
Ноќта носи сосема поинаква атмосфера. Плоштадот врие од туристи, а ние како дел од нив со задоволство го разгледуваме Новогодишниот базар во Милано. Празничната атмосфера се чувствува во воздухот, за неа придонесуваат сите улични музичари и артисти во Милано, прекрасните украси и светилки и нашите среќни насмевки.
Отпивајќи силно еспресо „од нога“ онака како што тоа го прават домаќините и заокружувајќи ја вечерта со автентична италијанска паста, ги средуваме впечатоците помеѓу себе.
Нашето мало балканско семејство обединето со Смоките на Соко Штарк ја продолжува својата авантура кон Барселона...