“Ветрило” е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и чист воздух
- Детали
- сабота, 05 ноември 2016
На најсончевата страна на Водно на атрактивна локација во мирен, еколошки дел од населбата Сопиште привршува изградбата на семејниот станбен комплекс Ветрило. Станува збор за куќи свртени спрема исток, југ и југо запад, на локација која е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени и да имаат постојана проветреност и природна светлина и убав поглед кон околните планини.
Куќите се на два ката, од 103 до 118 м², модерно дизајнирани со плански осмислен простор, по Фенг Шуи филозофија, а прилагодени на потребите на секој член во семејството. Во приземјето се сместени дневна соба со отворен план, кујна со трпезарија и гостинско купатило, додека на катот се сместени 3 спални соби со 2 бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движи од 160-240 м², што е доволен простор за можност за паркирање на два автомобила и да се сместат содржини за рекреација.
Во изградбата се користени високо квалитетни материјали од реномирани производители, обезбедена е перфектна звучна и термичка изолација, а објектот има статика која е сеизмички проверена и има добиено позитивно мислење од институтот за сеизмологија во Скопје.
Во овој момент се превземаат последните чекори кон завршување на првата фаза од изградбата на овој уникатен станбен комплекс, прва фаза која комплетно ќе биде завршена до месец март 2017 година. Се довршуваат улиците меѓу објектите како и пристапот до самиот објект од регионалната улица. Електрично, водоводно поврзување е веќе воспоставено, сите администрaтивни работи се завршени.
Убавината на Ветрило, Сопиште
Posted by Intersoft on Thursday, October 27, 2016
Проектот се состои од 18 куќи, поделени на 3 типа А, Б и В. Внатрешноста на самиот комплекс е поделена со две ново проектирани улици, кои дополнително овозможуваат приватност на станарите.
Комплексот го гради друштвото за градежништво, проектирање и инженеринг ИНТЕРСОФТ ЛТД Скопје, компанија со изграден имиџ и докажан квалитет на пазарот веќе 15 години. Оние кои ќе побрзаат и во овој комплекс ќе купат куќа, сигурно добиваат недвижен имот кој како ќе поминува време ќе добива на поголема материјална вредност.
Станбен објект во комплесот “Ветрило” може да се купи и со субвенциониран кредит преку проектот “Купи куќа за млади”, а исто така и преку поволни кредитни линии од домашните банки.
Прашања можете да поставите преку фејсбук фан страната, преку веб страната www.intersoft.com.mk и е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Телефон: +389 2 3227941, +38975 254 956.