Се „крчка“ првиот македонски цртан филм со Џон Вардар во главната улога! (видео)
- Детали
- петок, 02 септември 2016
Македонската креативна компанија „Lynx Animation Studios“ прославува една година од своето основање и во таа чест ја сподели најавата за првиот долгометражен македонски цртан филм „Џон Вардар против Галаксијата“ (John Vardar vs. the Galaxy).
Цртанот е етикетиран како „најсмешно бесмислената вселенска опера“, која ги следи авантурите на Џон Вардар, главникот лик киднапиран од страна на вонземјани.
Најмоќното оружје во Универзумот ќе заврши заглавено токму во главата на Џон Вардар, со чија помош, сите нешта на кои Џон ќе помисли - може да ги претвори во реалност.
Разработката на концептот започнала во 2009-та година, инспирирана од серија цртежи на илустраторот Михајло Димитриевски (Тхе Мичо).
Тој воедно ја има улогата на уметнички директор за овој проект од особено значење за македонската кинематографија.
Првиот долгометражен македонски цртан филм може да го очекуваме кон крајот на 2019-та година.
Погледнете го трејлерот:
(О)Милена | Црнобело