Вистинска ТОПСИ журка со Марко Настиќ синоќа во i-bank store
- Детали
- петок, 01 јули 2016
#ТОПСИ журката на Стопанска банка синоќа ги собра на едно место младите креативци, авангaрадните момци и девојки!
Понекогаш банките и не мора да бидат асоцијација за плаќање на месечните сметки, понекогаш може Атанас и со Тино заедно со познатиот Ди Џеј Марко Настиќ да направат журка за паметење во банкарско окружување. Да, токму така синоќа на кејот на Вардар пред i-bank store на Стопанска банка се случи првата TOPSI журка со која се прослави почетокот и промоцијата на TOPSI (www.topsi.mk) банкарски услуги од млади за млади.
Се црташе огромен ТОПСИ графит, имаше x-box турнир, присутните уживаа во неверојатните музички сетови на Ди Џеите Flooder, бендот Beta House, а жешката атмосфера се ладеше со бесплатни пијалоци. Се чини дека предизвикот кој го постави Стопанска банка до најмладите имаше одличен одзив и ги мотивираше да го покажат својот креативен потенцијал во создавањето на новите TOPSI ID картичка.
Предизвикот кој се однесува на сите млади луѓе на возраст од 18 до 28 години ги повикува да понудат свежа и оригинална идеја за начин на дизајнирање на ID картичка (било преку фотографија, видео или текст). Начин што најмногу ја рефлектира нивната индивидуалност и личен имиџ. Повикот за креативни идеи е насочен преку порталот www.topsi.mk како и преку социјалните мрежи - Твитер и Инстаграм со хаштаг #topsi #топси или на официјалната страна на Фејсбук @topsi каде можете да ги следите сите понатамошни предизвици и награди.
Во очекување на крајот на предизвикот на 04.07.2016 ги очекуваме вашите предлози и секако гласови за пристигнатите идеи од кои неколку ќе ги преточиме во следно #ТОПСИ видео запис.