Деменцијата - закана за човештвото
- Детали
- четврток, 12 мај 2016
Депресијата е емоционално, а деменцијата органско пореметување на мозокот. За разлика од депресијата, која „помеѓу редови“ се препознава по расположението, деменцијата е видлива на снимка, направена со скенер или магнентна резонанца.
Нелечената депресија кај возрасните луѓе може да креира лажна слика за деменција, затоа што нерасположен човек бавно мисли и се движи, талка со мислите и погледот.
Кај старите луѓе депресија е неретко производ на сведување на животните сметки. Многу често старите луѓе се отфрлени и понижени во општеството, само затоа што се стари и сиромашни. Таму лежи коренот на тагата и незадоволството кое стар човек може да го манифестира со изолација, осаменост, незаинтересираност и намалување на вообичаените активности. Токму овие симптоми се препознаваат и во состојбите на деменција, па лесно може да бидете доведени во заблуда дали се работи за депресија или личноста страда од деменција.
Се повеќе се зборува за деменцијата како синдром, составен од симптоми. Најголем број симптоми кои ја чинат деменцијата се лесно воочливи, доколку некогаш сте биле упатени на нив.
Често заборавање на имиња, лица, неодамнешни случки, чести промени на расположението се првите симптоми на деменција. Следуваат, во поодмината фаза од болеста, постојана вознемиреност, агресивност, ноќни немири, талкања по улици како во очајна потрагата по нешто. Болеста е прогресивна, зафаќа се повеќе делови од мозокот што подразбира пропаѓање на личниот идентитет на дементната личност.
Востановени се важни знаци кои алармираат потреба од медицинска помош за деменција, како што се: често поставување исто прашање; често повторување на истите приказни од збор до збор; често заборавање како се извршуваат некои вообичаени активности (готвење, играње карти, ситни поправки); губење на способноста за едноставни математички пресметки и немоќност за водење на евиденција за плаќање сметки; губење во простор и време; одбивање лична хигиена, негрижа за сопствените одлуки и постапки.
Вознемирува податокот дека до 2050 година, дури 135 милиони од светското население ќе биде засегнато од деменција, што само укажува на фактот дека ова е една од најголемите здравствени закани за човештвото.
Во недостаток на доволно научни податоци што ќе укажат на ризик факторите, преваленцата, наследната компонента и сите останати податоци што се темелат на релевантни испитувања, креирана е бесплатна мобилна апликација за утврдување на способноста за навигацијата кај здравите луѓе, што понатаму ќе обезбеди критериуми за споредба со лицата со сиптоми на деменција и можност за креирање тестови за рана дијагноза на болеста.
Со играта „Sea Hero Quest“којашто неодамна ја промовираше Групацијата Дојче Телеком, а во Македонија е поддржана од Македонски Телеком, може едноставно и бесплатно да се преземе од App Store и Google Play, учествувате во најголемото глобално истражување за деменцијата.
Во Македонија, играта е голем хит, само во првите неколку дена од лансирањето, таа е број еден преземана игра од Google Play. Со само две минути играње, се собираат податоци во дата-базата за која на научниците им требаат 5 часа посветена работа во конвенционални, лабораториски услови.
Превземете ја бесплатната мобилна апликација на следниот линк и дајте го својот придонес во најголемото научно истражување за деменцијата.
Учествувајте!
Помогнете!
Споделете!
Повеќе за целиот научен проект, идејата и концептот на следниот линк: http://seaheroquest.com/mk