Тимот на CRNOBELO наздрави за добра забава во Скопско Гајба
- Детали
- понеделник, 07 декември 2015
Кога температурите одат надолу, време е да се погрижите звукот на музиката да оди нагоре и да си дозволите еден прекрасен ден исполнет со многу смеа со вашите пријатели.
Што друго ви треба освен добро расположение и весели луѓе покрај вас?
Добра локација, вкусна храна, атмосфера како дома и штотуку изладено пиво кое нестрпливо чека да го направи првото „на здравје“!
Време е да размислите за влез во Скопско Гајба...
Не се жалете на досадните излегувања во град кои стануваат монотони, направете нешто различно и исполнете го овој декември со една свежа, интересна, нова приказна.
На располагање имате 5 часа, па затоа трошете ги паметно.
Почнете од флиперите и пружете ја раката кон фрижидерот полн Скопско.
Проверете како се резултатите на пикадото, па продолжете накај пријателите собрани околу фудбалчето.
Наздравете за победниците, но и за оние кои губат и се лутат како пред 15-тина години.
И не се чудете ако посакате засекогаш да живеете во Скопско Гајба, не сте единствени.
Па, доколку сакате да ви се случи забавата што ни се случи на нас, пијте Скопско и учествувајте во наградната игра за „Скопско Гајба“.
Понесете само насмевка и добро расположение, сѐ друго ве чека таму!