Историјата на најпопуларната Аргета паштета
- Детали
- вторник, 12 мај 2015
Се започна во 1957 година кога директорот Деламарис влезе во лабораторијата на Аргета фабриката и рече: "Направете нешто вкусно од пилешко месо, кое луѓето ќе можат да го мачкаат на леб!"
Технолозите промрмореа и се вратија на работа. Тие знаеја дека нема да биде доволно само да се свари пилешкото месо, туку дека ќе биде неопходно да се додадат и малку вистински зачини, за што сите се согласија. Постојано тестираа и проверуваа, додавајќи нови зачини и билки се додека не ја постигнаа посакуваната цел. Па така некаде околу 1957 година, пилешките паштети се родија. Едноставно наречени: пилешки паштети, тие ја започнаа битката на пазарот во Словенија. Наидоа на позитивни коментари но, условите на пазарот не беа розови. Цените на стоките се зголемија, па продажните цени мораа да останат замрзнати. Ситуацијата дојде до таму што фабриката беше принудена во 1973 година да ги стопира машините за производство на паштети.
Но, не се откажаа! Подготвија програма на активности што предвидуваше зголемување на производството и инвестициите во следните неколку години. За среќа на сите нас, љубителите на Аргета, програмата се покажа како успешна и во следната деценија дојде до целосна искористеност на капацитетите за производство на паштети кои работеа во две смени. Побарувачката во Словенија беше толку голема што фабриката стана премала. Полека но сигурно Аргета стана главна точка на продажбата, во време кога се создаде работната организација Дрога Порторож. Сепак, повторно дојдоа лоши времиња ...
Војната во Хрватска и Словенија во 1991 година го намали производството на Дрога Порторож, бидејќи се изгуби југословенскиот пазар, на кој пред војната се продаваа 49% од производите. Ова доведе до драстично намалување на производството и продажбата. Одборот на директори почна да зборува за укинување на Аргета. Сепак, неколку силни поединци дојдоа до заеднички заклучок: "Словенија е премногу мал пазар за Аргета, потребно е да се прошириме на Балканот." Така, врз основа на вистински, лични контакти, без рекламирање започна ширењето на Аргета на пазарот на поранешна Југославија. Тоа беа многу успешни состаноци, а првиот договор беше со Македонија. Во 1995 година имаше и неколку промотери во земјите на поранешна Југославија. Поради војната Аргета патуваше низ Унгарија, Романија и Бугарија, и од таму понатаму беше препродавана во Југославија. За време на војната Аргета се сметаше за многу хранлив и траен производ кој се покажа како одлична поддршка на војниците.
"Лудата добра паштета!" Беше првиот официјален слоган на Аргета во 1998 година, кога редизајнираното пакување започна да го гради нејзиниот денешен углед на високо квалитетна, вкусна и лесна за мачкање паштета. Овие својства беа признати и од страна на потрошувачите што понатаму се одрази на продажбата. Во 2001 година, беше промовирана и Аргета Јуниор со маскота на патка, која ја најави новата линија на паштети Јуниор Original дизајнирана посебно за децата.
Во 2002 година, заедно со Агенцијата Публицис се создаде слоганот "Добрата страна на лебот!" кој веќе со децении го придружува брендот Аргета: Беше креирана препознатлива, духовита и оптимистичка кампања "Секогаш погледнете на светлата страна на животот." Во истата година се произведува и Аргета Халал паштетата, со што беа задоволени вкусовите и барањата на припадниците на исламската религија, за и тие да можат да уживаат во производот при тоа почитувајќи ги заповедите на исламската вера.
Од 2002 година Аргета го зголемува асортиманот со нови вкусови и линии, со што дополнително продолжи да ги разгалува своите клиенти. Во 2005 година, “тие скокнаa во море” и ја создадоа Аргета туна која стана вистински хит на сите пазари. А во професионалните кругови, два пати се квалификуваше како производ со исклучителен вкус. Вкусовите на Аргета од година во година растат , а тимот на врвни технолози постојано подготовуваат и тестираат нови хармонични вкусови, при тоа не отстапувајќи од првичното мото "нешто добро, луѓето секогаш ќе го мачкаат на леб“.
Високиот квалитет и безбедноста во 2013 година го потврдија и мајките, најстрогите судии на квалитетот на Аргета, кои имаа можност да ја посетат фабриката каде се произведува Аргета. Мајките имаа увид во целиот процес на производство, и лично се уверија дека Аргета е направена од одбрани парчиња чисто месо, природни зачини и растително масло, правејќи внимателен преглед на целата фaбрика и со својот потпис да го потврдат квалитетот на Аргета и да го дадат својот потпис “Одобрено од мајките”
Аргета, отсега може да се најде со нова подобрена амбалажа и модерен дизајн, но со истиот препознатлив вкус. Новата амбалажа овозможува едноставно отворање на добро познатиот, луксузен квалитет на омилената паштета. Алуминиумската амбалажа е полесна, потрајна, лесно се рециклира и на тој начин придонесува кон заштитата на животната средина и примена на еколошките стандарди.
Аргета денес се смета за најголем производител на паштети во Европа, со продадени околу 100 милиони производи оваа година. Може да се најде на полици во продавници во повеќе од дваесет земји, со препознатлив имиџ и изградени релации со потрошувачите. Со новото пакување, дизајнирано во согласност со најновите трендови, Аргета дополнително ја зајакнува својата позиција пред конкуренцијата. Покрај новото пакување таа има и редизајнирана веб страна, на која се наоѓаат свежи содржини и голем број на совети, кои можат да го направат поинтересен нашиот секојдневен живот.
Посетете ја веб страната и запознајте се одново со Аргета-брендот!