Уникатно претставување на новото заштитно лице на Гуте Фрухте за 2015
- Детали
- петок, 13 март 2015
Лила Филиповска е новото заштитно лице на соковите Гуте Фрухте. Таа заедно со Марјана Станојковска која веќе има успешна соработка со брендот, приредија уникатно изненадување за присутните во Мекиците од Стража. Гостите се дружеа со нив, се сликаа, а имаа и можност заедно да ги пробаат новите вкусови на соковите Гуте Фрухте – 100% портокал и боровница.
Новиот хит на Гуте Фрухте, вкусот 100% портокал е збогатен со провитамин А и витамин Ц и е без додаден шеќер, додека боровницата изобилува со витаминот Б6 важен за мозочните функции. Само една чаша од Гуте Фрухте боровница задоволува 30% од препорачаната дневна доза на овој витамин!
Оттаму и причината зошто новите Гуте Фрухте вкусови се фаворити на Лила и Марјана, а сигурно ќе станат и Ваши.