Каде е и што прави денес момчето што ги отпеа стиховите „Како ли јас да пораснам“ - Иван Богојoвски?
Музиката ми е хоби и денес, знам да запеам кога сум добро расположен, но не се занимавам професионално со музика.
Пеев „Како ли јас да пораснам“ и посакував да пораснам голем и мора да кажам дека пораснав и денес сум висок 185cm (ха-ха).
Инаку, за сценскиот настап, како и за сè поврзано со настапите ми помагаше мојот татко.
И денес често ги слушаме моите песни со ќерка ми, која исто така има добар слух и сака да пее“.
Текстот на песничката „Метро и жилет“:
„Како ли јас да пораснам?
Леле, колку сум тажен, кому ли да раскажам,
таа толку голема и највисока на свет,
а јас метро и жилет.
Сиот свет во љубовта, не знае за граница, сите знаат, таа не, и ми рече малечок, ти си како напрсток.
Како ли јас да пораснам, сè до небо, сè до ѕвезди, високо?
Неа да ја надраснам и да речам малечка, ти си мала кукличка.
Тато вели почекај, дождот да те наврне, снегот да те развее, сонце да те угрее, така сите растеле.
Како ли јас да пораснам, сè до небо, сè до ѕвезди, високо?
Неа да ја надраснам и да речам малечка, ти си мала кукличка“.
Прочитајте и Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





