Новинарката Александра Спировска е кул невеста со 2 аутфита - ќерката од бракот со Пере Нокаут ѝ пее на свадба
- Детали
- понеделник, 24 февруари 2025
Новинарката Александра Спировска, која зад себе има два брака, викендов се омажи со кошаркарот Милан Димитриески, па на Инстаграм напиша „Ти ќе бидеш моето засекогаш“.
Новинарката Александра Спировска викендов се омажи со својот сакан, кошаркарот Милан Димитриески.
За Александра ова е трет брак. Таа претходно беше омажена со Пере од „Нокаут“ со кого ги има ќерките Миа и Каја, а во вториот брак го роди синот Вилен.
Александра и Милан се свршија на крајот на 2022, а сега направија црковна венчавка и свадбена прослава.
Новинарката, која секогаш привлекува внимание со стилот, ни овој пат не разочара.
Таа избра долг фустан од тантела со винтиџ стил и сребрени салонки, а потоа се преоблече во црни панталони и бело-црн корсет.
Двата аутфити ги украси со впечатливо, а сепак нежно венче на челото во вид на латици од кристали.
Сето тоа го дополни со бела бунда и бидермаер од кали.
На свадбата беа и трите деца на Александра, а нејзината ќерка Миа, која тргна по стапките на својот татко Пере, запеа за мерак на гостите.
Александра објави неколку фотографии од свадбата на својот Инстаграм и на Фејсбук профилот.
„Ти ќе бидеш моето засекогаш“ - напиша таа до фотките.
Погледнете ги фотките од свадбата на Александра и Милан:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





