Мајка од Прилеп: „Направивме операција на крајниците на ќерка ми Инес (6) – што беше најтешко?“
- Детали
- четврток, 06 февруари 2025
„Ќерка ми Инес имаше проблеми со чести настинки, проблеми со дишење и со слухот. Се оперираше пред 2 години, но само трет крајник. Сега, на 6-годишна возраст, помина низ истото по вторпат. Ги опериравме сите 3 крајници“, ја започнува својата приказна Ивана Ѓорѓиоска за CRNOBELO.com.
Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп е мајка на две дечиња, која храбро се избори со ракот, и ја сподели својата приказна јавно за да ги охрабри и другите кои се соочуваат со истото.
Прочитајте и Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотерапијата“
Таа сега искрено на Инстаграм сподели и низ каков оперативен зафат минала нејзината ќерка Инес (6) и сподели неколку совети за сите родители.
Станува збор за операција на крајниците, која малата храбра Инес одлично ја поднела.
Објавата на Ивана гласи:
„Минатата недела се соочивме со предизвик како семејство – операција на крајниците на мојата мала јуначка.
Благодарна сум што сè помина добро и што таа е храбра како никогаш досега.
Ова искуство ме научи многу, и сакам да споделам неколку совети за сите родители кои можеби ќе се соочат со слично.
- Подгответе се за операцијата и деновите поминати во болница со многу игри, многу прашања кога ќе си одиме дома и многу барања за храна, баш кога ќе се вклучи црвено светло за јадење.
- За време на закрепнувањето очекувајте доста кенкавост, барања повторно на храна која е забранета, барање да се излегува надвор од дома... Очекувајте плачење од болки, плачење од досада.
И очекувајте го денот за контрола.
- Не им ветувајте на децата дека после операцијата нема никогаш да настинуваат.
Јас ветував и викав – „Храбра си на мама, кога ќе ги извадиме крајниците нема никогаш повеќе да си болна“, за три дена пред самата контрола да 'закачиме' сите до еден дома вирус/грип од кој Инес прва се зарази и мислеше дека ѝ ги вратиле крајниците назад.
Но, да не се е толку безнадежни приказниве наши, знаете дека на крај сè ќе биде добро.
Праќаме позитива, посебно до сите оние што поминуваат низ тежок период“.