Како Марис од Македонија успеа да се појави во шведски весник, откако се пресели таму?
- Детали
- среда, 15 јануари 2025
„Новинарка од градот каде што моментално живеам – Ескилстуна, во близина на Стокхолм – случајно наишла на мојот Инстаграм профил и била пријатно изненадена од мојот моден стил, колоритен и уникатен, нешто што не е толку вообичаено за Шведска, па ме контактираше“, споделува Марис за CRNOBELO.com.
Марија Илиев од Штип, позната како „Марис“, на Инстаграм има повеќе од 61.000 следбеници, а во Шведска живее со сопругот.
Нашата инфлуенсерка на својот Инстаграм профил постојано открива детали како ѝ изгледа животот таму, а сега ја сподели и радоста што во шведски весник излегло интервју со неа.
Ја исконтактиравме за да ни открие за што разговарале и како дошло до оваа соработка.
Марис за CRNOBELO.com вели:
„Новинарка од градот каде што моментално живеам – Ескилстуна , во близина на Стокхолм – случајно наишла на едно од моите видеа на Инстаграм и одлучила да го отвори мојот профил.
Била пријатно изненадена од мојот стил, кој го опиша како многу колоритен и уникатен, нешто што не е толку вообичаено за Шведска, каде преовладуваат потемните тонови во модата.
Интервјуто беше навистина интересно и искрено, со прашања поврзани со нашата одлука да се преселиме токму во Ескилстуна, како и со моето потекло од Македонија.
Беше љубопитна да дознае повеќе за Македонија како земја, дали луѓето таму ме препознаваат, кои се најголемите разлики помеѓу животот во Шведска и Македонија, како се запознавме со мојот партнер, дали често патуваме назад и дали нашите семејства се со нас во Шведска или останале во Македонија…