Близначките Маријана и Росана го прославија 60-тиот роденден - едната во Австралија, другата во Македонија (фото)
- Детали
- вторник, 17 декември 2024
Сестрите Маријана и Росана ни ја отпеаја најубавата балада „Признавам“, а сега двете далеку една од друга го прославија својот 60-ти роденден. Маријана со голема забава, каде беше и Татјана Лазаревска, а Росана романтично со саканиот Трупче.
Маријана Новачевска и Росана Сариќ – Тодоровска се родени на 14-ти декември во Куманово.
Тие настапуваа како дуото Маријана и Росана, од каде произлезе и една од нашите најубави балади на сите времиња „Признавам“.
Подоцна кога Маријана се исели во Австралија, Росана продолжи соло.
Росана е мажена е за македонскиот актер Ѓорѓи Тодоровски - Трупче и токму со него во еден скопски ресторан го прослави својот јубилеен 60-ти роденден.
Од друга страна, Маријана прослави со голема забава во Австралија каде ги покани сите пријатели, меѓу кои и пејачката Татјана Лазаревска.
Со торта во форма на бројот „60“ Маријана славеше и се забавуваше со саканите.
На Маријана ѝ честитаа и колегите од работа.