Најубаво украсениот влез од зграда во Куманово – две елки, огромни Дедо Мразовци и панделки
- Детали
- среда, 11 декември 2024
По отворање на влезната врата која е украсена со црвени панделки, во влезот станарите и гостите ги пречекува елка, но и голем Дедо Мраз за топло добредојде - оваа новогодишно украсена зграда во Куманово е доказ дека соседството може да биде пријатно заедништво и само за такви сакаме да слушаме.
Денес издвојуваме позитивна претпразнична вест која доаѓа од Куманово, а станува збор за зграда, каде слогата помеѓу соседите царува.
Додека во некои згради низ Македонија владее тензична атмосфера, каде никој не сака да даде нешто од џеб за основни поправки, постојат и такви во кои соседите се сложни да создадат новогодишна магија во заедничкиот простор.
Во Фејсбук групата „Дворчето“ се објавени повеќе фотографии од новогодишно декориран влез и на објавата корисничката напишала: „Нашиот влез во зградата“, a во коментари појаснува дека е во Куманово.
На фотките може да се забележи дека влезната врата е украсена со големи панделки и натпис „Среќен Божиќ“, а веднаш по влегувањето, станарите ги пречекува накитена елка.
Измеѓу спратовите има уште една поголема елка до која стои огромен Дедо Мраз кој „посакува“ пријатно добредојде, а ѕидот покрај скалите е украсен со божиќни декорации.
Цевките и хидрантот се прикриени со голема панделка и мини украси, а на чергичка во заедничкиот простор има и мини божиќно селце, со Дедо Мраз, елен и други декорации.
Погледнете повеќе фотки:
Доколку сакате и вие да го споделите вашиот новогодишно украсен влез или дом, или сте сведок на друга позитивна приказна од секојдневието, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук