Уникатно запросување на Македонка во пустината Невада: „Тој клекна на колена во кал, носев бунда од што беше ладно“

„Дента го славевме мојот роденден на фестивал и Коста инсистираше да одиме пред скулптура која требаше да гори, The Burning Man. Но, организаторите на фестивалот го одложија нејзиното палење поради невремето, па тој клекна во кал и беше многу романтично“, вели Ивана од Куманово за уникатното запросување во пустина.

unikatno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-pustinata-nevada-toj-klekna-na-kolena-vo-kal-nosev-bunda-od-shto-beshe-ladno-01.jpg

Ивана Алексовска (32) од Куманово и нејзиниот свршеник Коста Кус Иванов (38) од Струмица, се успешни Македонци кои живеат во Чикаго.

Коста има сопствена компанија за транспорт, а Ивана неодамна почна да се занимава со дигитален маркетинг.

По 8 години љубов, Коста пред точно 1 година ја запроси Ивана, и тоа на еден необичен настан, наречен BurningMan - кога се гради вештачки комплекс во пустината Невада, каде што се собираат уметници од целиот свет и кој годишно собира до 80.000 посетители.

unikatno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-pustinata-nevada-toj-klekna-na-kolena-vo-kal-nosev-bunda-od-shto-beshe-ladno-07.jpg

Коста ја побарал Ивана за сопруга на нејзиниот роденден во 2023, а сега, една година по неочекуваното запросување, тие двајцата за CRNOBELO.com, ја раскажа нивната љубовна приказна и изненадувањето што Коста ѝ го подготвил на својата сакана.

„Со Коста се запознавме на музичкиот фестивал TomorrowWorld во Атланта во 2014-та но врската ја почнавме во 2016 година.

Јас во тоа време живеев во државата Вирџинија, но една година откако почнавме да се гледаме, се преселив во Чикаго, каде што веќе живеесе Коста. Во врска сме веќе 9 години, а последнава година сме верени.

Запросувањето ми беше скроз неочекувано, бидејќи беше на мојот роденден. Нормално, кој очекува дека ќе биде запросен на својот роденден.

Со Коста бевме на настанот познат како BurningMan - привремено изграден град во пустината Невада, такнаречен Black Rock City, за уметничкиот настан кој се одржува секоја година“, вели Ивана.

unikatno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-pustinata-nevada-toj-klekna-na-kolena-vo-kal-nosev-bunda-od-shto-beshe-ladno-15.JPG

На двајцата отсекогаш им била голема желба да одат на овој светски настан, но билетите секојпат биле распродадени.

За среќа, лани конечно успеале да си купат влезници.

„Кога стигнаа билетите во наши раце почнав да размислувам дека ова ќе е перфектно место да ја запросам Ивана, бидејќи и двајцата обожаваме вакви уникатни случувања.

Настанот трае околу 10 дена, а ние бевме на 5.

Да потенцирам дека BurningMan не е фестивал, туку настан на кој повеќе од 80.000 луѓе од целиот свет се соединуваат и конектираат преку уметност и музика.

Настанот во пустината е толку огромен, што сите користевме велосипеди како превозно средство, па и покрај тоа не стигнавме да ги видиме сите изложени скулптури.

Таму има уметнички скулптури донесени од целиот свет и се поставени низ целата пустина. А најголемата од нив е таканаречената The Burnig Man, односно скулптура „човек“ која треба да се запали во текот на настанот.

За жал, ние не дочекавме да ја видиме фамозната скулптура што гори, бидејќи поради невреме палењето беше одложено за неколку дена, па ние веќе бевме заминати кога ја запалија“, раскажува Коста.

unikatno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-pustinata-nevada-toj-klekna-na-kolena-vo-kal-nosev-bunda-od-shto-beshe-ladno-04.JPG

Во пустината Ивана го прославила својот 32 роденден и тогаш, вели, го доживеала најголемото изненадување во животот:

„На 2 септември беше мојот роденден и веќе славевме цел ден.

Но, вечерта Коста инсистираше повторно да одиме пред The Burning Man, кој нели, требаше да гори, но организаторите го одложија палењето поради невремето.

Тоа сепак не го спречи Коста да ме запроси.

Инаку, преку ден температурите во пустината се многу високи, па вечерта беше толку ладно, што носевме кожни капути и бунди и затоа носам бунда во пустината во моментот кога ме запроси“.

unikatno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-pustinata-nevada-toj-klekna-na-kolena-vo-kal-nosev-bunda-od-shto-beshe-ladno-18.JPG

Поради дождот, целата пустина била мокра, а Коста за да ја запроси, клекнал во кал, па запросувањето било поуникатно од тоа што планирал.

„Сега се шегуваме дека ќе мора да го повториме запросувањето пред запалената скулптура, можеби на 5-тата или 10-тата годишнина од свршувачката.

Во пустината нема апсолутно никаква мрежа или интернет, па на родителите и пријателите им соопштивме преку видео повик дури по ден-два“, вели Ивана.

unikatno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-pustinata-nevada-toj-klekna-na-kolena-vo-kal-nosev-bunda-od-shto-beshe-ladno-12.jpg

А Коста додава:

„Трема имав цел ден и сè што планирав да ѝ кажам, на крајот излезе спонтано, со сосема други зборови“.

Свадбата за сега не им е закажана бидејќи не знаат дали сакаат да биде на македонско или на американско тло.

„Направивме мала забава со пријателите, но нешто поголемо ќе биде во иднина“, велат тие.

unikatno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-pustinata-nevada-toj-klekna-na-kolena-vo-kal-nosev-bunda-od-shto-beshe-ladno-17.JPG

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg