Браќата Даријан и Мартин ги запросија девојките во исто време: Едниот на концерт на Петар Грашо, другиот на ручек во Охрид
Запросувањето на Даријан и Симона:
Даријан (30), пак, има малку поинаква приказна. Овој експерт за промоција на здравје клекна на колено пред саканата Симона Јовевска (30) од Пехчево (која е IT Project Developer) додека беа на викенд во Охрид.
Тие се во врска една година, за која Даријан вели дека е преубава, исполнета со многу љубов, почит, разбирање и доверба.
„Ова е период во кој и двајцата уживаме во секој миг поминат заедно. Навистина сум среќен што засекогаш покрај себе ќе имам личност како што е Симона.
Многу често во оваа година разговаравме за заеднички живот и планови за иднината, но никогаш не сме разговарале детално за запросувањето или за начинот на кој би се случило сето тоа.
Сакав да биде едно пријатно и убаво изненадување коешто ќе ѝ остави убави емоции и спомени засекогаш.
За мене Охрид претставува симбол на љубов, природна убавина и место создадено за искажување преубави емоции и креирање убави спомени.
Особено во летниот период Охрид е совршено место за испишување љубовни приказни. Мојата идеа беше да во еден интимен амбиент, придружен од звукот на две виолини, на нашата омилена песна Vivo Per Lei од Андреа Бочели, да ја побарам Симона за сопруга.
Сето ова го спремав подолго време, сакав се да биде како што треба и убаво да изгледа. А Охрид одлично се вклопи во целата оваа наша љубовна приказна.
И би сакал да се заблагодарам на тимот на Тавола Бианка за нивниот голем придонес и помош при запросувањето, за атмосферата и задоволството кои ни ги овозможија“.
Погледнете го видеото од моментот на запросување:
https://www.instagram.com/p/C8P1ZUcsrXV/
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело