Павле и Ирина Камилоски со голема прослава за првиот роденден на синот: Торта со Симба, забава во стилот на Кралот лав

Во опуштена атмосфера, со многу гости, балони и декорации во стилот на Кралот лав, Павле и Ирена Камилоски го прославија роденденот на својот син, само неколку дена откако му направија крштевка на Галичник. 

pavle-i-irina-kamiloski-so-golema-proslava-za-1-iot-rodenden-na-sinot-torta-so-simba-zabava-vo-stilot-na-kralot-lav-01.jpg

Пејачот Павле Камилоски и неговата сопруга, алпинистката Ирина Дишовска, направија голема забава за првиот роденден на синот Јосиф.

Забавата во стилот на Кралот лав, ја направија во познат скопски ресторан, чиј двор беше целосно декориран со мотиви на џунглата, плишани лавови, украси со ликот на Симба и многу балони.

И тортата беше во овој стил, па покрај свеќичката со бројот 1, беше ликот на лавчето Симба.

pavle-i-irina-kamiloski-so-golema-proslava-za-1-iot-rodenden-na-sinot-torta-so-simba-zabava-vo-stilot-na-kralot-lav-03.jpg

Јосиф полни 1 година“, стои на натписот кој ги пречека гостите и децата, кои беа најмногу воодушевени од темата на забавата.

Павле и Ирина преку Инстаграм Стори споделија дел од атмосферата на забавата и дружењето со гостите.

pavle-i-irina-kamiloski-so-golema-proslava-za-1-iot-rodenden-na-sinot-torta-so-simba-zabava-vo-stilot-na-kralot-lav-09.jpg

За роденденскиот стил ја избраа белата боја, па така, Ирина носеше кусо бело фустанче, а косата ѝ беше врзана во опавче.

Павле беше дотеран во бела кошула со црни панталони, а за Јосиф комбинираа бела маичка и кратки крем панталони.

pavle-i-irina-kamiloski-so-golema-proslava-za-1-iot-rodenden-na-sinot-torta-so-simba-zabava-vo-stilot-na-kralot-lav-04.jpg

Пред роденденот на Јосиф, Ирина на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои го покажа трудничкиот стомак и откри дека фотките се направени на Водно, еден ден пред раѓањето на бебето.

pavle-i-irina-kamiloski-so-golema-proslava-za-1-iot-rodenden-na-sinot-torta-so-simba-zabava-vo-stilot-na-kralot-lav-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Ирина Камилоска го откри полот на бебето, синот Јосиф ќе добие сестричка „Едни велат ако мајката носи девојче, се разубавува, а други дека девојчињата ја...
Павле Камилоски, Никола Ристановски: Кои Македонци би можеле да го глумат Џејмс Бонд? Направивме листа од 7 наши мажи од различни области (не само актери) за кои веру...
Каков татко - таков син: Ирина Камилоска сподели слатки фотки од сопругот и малиот Јосиф Ирина често споделува фотографии од Павле и Јосиф, но и видеа на кои открива дек...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg