Елена Најдоски на хедонистичко женско патување во Милано (фото)
- Детали
- вторник, 26 март 2024
Италијанско вино, паста и шопинг во центарот на модата... Елена Најдоски се забавуваше во Милано со своја блиска другарка.
Водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски е позната по својата страст за патување и вкусна храна. Изминатите неколку дена Елена ги помина хедонистички во Милано, со своја другарка.
На ова женско патување, освен што уживаше во прошетката низ градот, Елена беше и на шопинг во еден од најпознатите центри на модата во светот.
Не пропушти да посети и неколку познати ресторани во градот, да пие вкусно италијанско вино, а проба и локални специјалитети - и солени и слатки.
„Неделен бранч во Bulgari, Милано“, напиша таа на Инстаграм и со своите следбеници сподели дел од пријатната атмосфера во луксузниот ресторан со убава градина.
За целото тоа време, Елена и нејзината другарка Мила неколкупати беа модно усогласени.
За вечерно излегување тие носеа исти кратки фустани со светки, едната сребрен, другата црвен, па снимија и видео пред Дуомо во Милано и го споделија на Инстаграм.
Елена откри и дека во друга пригода избрале исти салонки, но во различна боја.