Враќањето на Сашко Коцев и Врчак пречекано со овации - Како си поминавме на Златна Бубамара '24?

А освен музика, на „Бубамара“ имаше и многу шеги: на сметка на Џокси кој „20 години се контролира да направи нов хит“, Перо Антиќ кој никако да дочека награда од претседателот на Македонија, па морал да оди во Србија кај Вучиќ, ама и дека има нова девојка...

Тука беа и муабетите за полициската станица „Пролеќе“, која има име како детска градинка, за Стојанче Ангелов кој се слика на 600 метри од мечка на планина и коментира „Мечка страв, мене не страв“, но и за најпознатите македонски поговорки и како би звучеле на англиски, за да ги разбере и кралот Чарлс (апропо странските описи на фотки на Инстаграм).

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-10.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-2499.JPG

Не изостанаа и наградите.

Вкупно 24, меѓу кои и онаа за најдобар концерт на Владо Јаневски, Нино Величковски за трајни вредности во народната музика, Игор Стефановски Иџе за најдобар спортист, Кире Лазаров за спортист со трајни вредности, а Одбојкарската репрезентација на Македонија за спортски успех во 2023.

Награда доби и пејачот Давид Темелков, за етно песна на годината, па откако му ја врачија наградата, со многу емоции ја испеа „Моја Македонија“.

Андријана Јаневска е пејачка на годината, најдобра актерка е Наталија Теодосиева, млад актер е Сергеј Димовски, додека Александар и Дац беа избрани за дуо на годината.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-31.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-30.JPG

И токму кога тие настапија со својата најнова песна „Воли ме, сакај ме“, некаде околу полноќ, публиката почна полека да си оди од салата...

Многумина, за жал, не го дочекаа настапот на Рамбо Амадеус, кој изведе три песни од својот огромен репертоар, а придружуван од фантастичниот Националниот џез оркестар.

„Сакам и јас малку да диригирам“, рече тој, а потоа слезе од бината пред преостанатата публика и играше со дел од нив.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-01.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-01_2.JPG

Годинашнава „Златна Бубамара 2024“ заврши некои 45 минути по полноќ. До крај останаа најупорните, оние на кои не им се спиеше, но и оние кои со душа го очекуваа враќањето на Врчак на сцената.

А тој, во ист стил како и пред десет и повеќе години, излезе на бината со Андреј и Панчо од ДНК и заедно ја испеаја „Посреќна“, нивната нова соработка и песна која ја доби наградата за Хит на годината.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-03.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-02.JPG

Публиката во тој момент буквално дојде пред бината, пееше со нив, играше, снимаа видеа и правеа фотки за да го забележат првиот настап на Врчак во живо по повеќе од една деценија.

Помина уште една „Златна Бубамара“, забавна (и долга) во свој стил, со хумор што ќе му „легне“ на секого, со музика за сечиј вкус. Вистинско четиричасовно уживање..

И во исчекување на следната Златна Бубамара со пријателска порака до Ранко и организаторите: „Би можела да почне во 18 часот в година за да останат нетрпеливите до крај, бидејќи, јаготката на шлагот е на крајот, а годинава многумина го пропуштија“.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-12.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-17.JPG

Прочитајте и Доминираa црни и црвени аутфити: Модата на Златна бубамара 2024 (фото)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Фото: Александар Ристовски



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg