Враќањето на Сашко Коцев и Врчак пречекано со овации - Како си поминавме на Златна Бубамара '24?

Сашко Коцев по една година се врати на сцената на „Бубамара“ и откри како се сликал за пасош без врски, Драган Мијалковски ја крена цела публика на нозе, Атанас и Тино беа фантастични, а кулминација беше настапот на Врчак во живо по повеќе од 10 години, а кој публиката го очекуваше со нетрпение... Како си поминав на „Златна Бубамара 2024“ и што ми се допадна, а што не?

sashko-kocev-izvadil-pasosh-so-antichka-metoda-igor-djambazov-go-otpishale-od-planinarsko-pa-se-zdebelil-kup-emocii-na-zlatna-bubamara-24-01.jpg

Вчеравечер (22.02) во арената „Борис Трајковски“ се одржа 27-ото издание на „Златна Бубамара на популарноста“. Цели четири часа музика, многу танц и одличен хумор, а на сцената повторно се врати и Сашко Коцев, кој лани, по долги години, првпат не беше водител на манифестацијата.

Ранко Петровиќ, неговата академија и сценаристите на „Бубамара“ и овој пат успеаја да ја доловат реалноста во која живееме, прикажана на сатиричен, смешен, на моменти тажен, а сепак реален начин. И останаа доследни на сè она што значи „Бубамара“.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-06.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-32.JPG

Во фокусот беа пасошите и објаснувањето дека кратенката НМК всушност значи „Нема каде“, фантастичниот настап на Драган Мијалковски кој и на 74 години е полн со енергија и успеа, како во деновите на најголемата популарност, да ја крене на нозе буквално цела сала, но и враќањето на Врчак на сцената со ДНК и неговиот прв настап во живо по повеќе од една деценија.

Но, да почнам од почеток... Што ми се допадна, а што не на Златна Бубамара 2024?

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-05_1.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-13_1.JPG

„Бубамара“ е манифестација која скоро никогаш не трае помалку од 4 часа. Се бара билет повеќе, се „бркаат врски“ за гратиси... Но, и во целата таа гужва, меѓу убаво дотераните гости, во салата имаше совршен ред и стотина волонтери кои секому му помогнаа да си го најде местото за седење без да талка низ салата.

Манифестацијата, на која присуствуваа многу јавни личности, започна со освежувачкиот настап на „Тин камп“, „Брејк а лег“, Dancers United и членовите на детскиот балет „Петар Пан“, кои ги добија и првите награди, од вкупно 24 колку што беа доделени вечерта.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-05.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-12_1.JPG

Првите награди ги додели Ранко Петровиќ, сопственикот на радиото и човекот од кого потекна идејата за оваа манифестација.

„Дами и господа, другари и другарки, сострадалници, добредојдовте на летот на Бубамара еарлајнс кој ќе трае 4 часа. Ова ќе биде забавен ‘притвор’, не мора да се врзувате, но пушењето е забрането. Освен во владиниот кабинет“, го почна Ранко својот говор.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-01_1.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-06_1.JPG

Тој откри дека на денешен ден, 23 февруари 1994 година, почнало со работа Бубамара радио и дека денес го слават својот 30-ти роденден.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-07.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-55.JPG

Емотивните моменти на Бубамара почнаа уште на самиот старт. Се разнежив додека Миланка Рашиќ го најавуваше Тодор Миладинов, човекот кој пред 50 години го формираше танцовото студио „Ритам плус“.

Иако денес има 80 години, пред да ја прими наградата, тој на сцената танцуваше неуморно со Миланка, а во салата се слушаа извици на воодушевување.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-11.jpg

Насмевки на лицата на публиката изнуди кумановскиот актер и комичар Жарко Јовановиќ, кој во свој стил ги имитираше македонските политичари - од претседателот Стево Пендаровски, преку екс премиерот Димитар Ковачевски, сè до Никола Груевски кој „успеал незабележано да влезе во салата што ја изградил и да се инфилтрира во публиката“.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-09.JPG

Тино и Атанас во свој стил се појавија на сцената:

„Читав истражување кое вика дека Македонците се најглупавиот народ во Европа. Не е точно, не сме глупи. А знаеш како знам дека не сме глупи?

На текстот објавен на Фејсбук имаше коментари: ‘Не сме глупи’, ‘Бил Гејтс нè чипуваше’, ‘Нè прскаат со Хаарп’, ‘Пропаганда на Американците’, ‘Не може да сме глупи кога премиер ни е Алберт Ајнштајн’, ‘Кај бе ние глупи?’, ‘Продавам Опел Корса’.

На глуп човек ќе му текне ли во целата таа гужва да продава кола? Не. Значи не сме глупи“, коментираа Тино и Атанас.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-14.JPG

Тие го најавија Сашко Коцев кој лани не беше дел од манифестацијата, па публиката го поздрави со силен аплауз.

„Слушам сум ви фалел. Епа затоа, сега еден саат не си одам од сцената. Ма, саат и пол ќе бидете заглавени со мене“, кажа тој.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-04_1.JPG

Па, раскажа како добил пасош, а да не е со врски.

„Не беше со врски, туку со античката метода: ‘Јас само да прашам’. И каква е таа брза постапка ако чекаш една недела за пасош?

Брза постапка е да си дадеш 6.600 денари, а тие одма да ти го дадат пасошот. Како кога купуваш хамбургер, ти го даваат по брза постапка,“ рече тој, додека публиката се смееше со него.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-63.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-08_1.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg