Катарина Ивановска и Ана Стојановска - вештерки, Фрози Фран – Кралица на срцата: Македонците со спектакуларни маски за Halloween
- Детали
- среда, 01 ноември 2023
Фотографот Badstef беше чудовиште, инфлуенсерите Нина Ред и Александар Динев и фризерот Октај Сејди беа како излезени од хорор филм. Но, шминкерките Фрози Фран и Андријана Андреева се надминаа себеси и создадоа врвни маски за Halloween. Како се маскирaа Македонците за Ноќта на вештерките?
Halloween е вистинска инспирација за македонските шминкери (кои се истовремено и големи уметници) за да го покажат на дело тоа што го знаат најдобро.
Па, со шминката и својата фантазија, тие и оваа година креираа совршени маски за Ноќта на вештерките.
Шминкерката Фрози Фран, односно Фросина Ангеловска, оваа година се маскираше во Кралицата на срцата од „Алиса во земјата на чудата“.
Фрози Фран направи впечатлива маска и за фотографот Стефан Соколовски (Badstef), кој беше маскиран како чудовиште од хорор филмовите.
Подеднакво спектакуларна беше и маската што ја креираше шминкерката Андријана Андреева.
Со шминка и завои таа направи крвава мумија, инспирирана од армијата на „немртвите“ од серијата „Игра на тронови“.