Ивана Кнез се пожали какви коментари добива: „Мора да е боцкана, има ставено уста, нема шанси да нема ботокс“
- Детали
- петок, 18 август 2023
„Мит: Mора да е бар малку боцкана, ставана ѝ е уста, шанса нема да е природна. Факт: Имам прекрасни родители со здрави гени и за ништо на светов не би го менувала лицето“, ја започнува својата искрена објава Ивана Кнез и става СТОП на сите гласини.
Дизајнерката Ивана Кнез е една од оние познати личности кај нас кои јавно говорат на сите теми.
Без разлика дали станува збор за нејзина лична ментална криза или пак за некоја општествена појава, таа секогаш јасно и гласно го кажува своето мислење.
Овојпат искрено проговори дека ја нервира кога луѓето ѝ го коментираат изгледот и им ја откри вистината за себе.
Нејзината објава гласи:
„Митови и факти
Мит: Mора да е бар малку боцкана, ставана ѝ е уста, шанса нема да е природна.
Факт: Имам прекрасни родители со здрави гени и за ништо на светов не би го менувала лицето.
Мит: Нема шанси да нема ботокс види ја каква е затегната.
Факт: Секое утро го мијам лицето со мраз, обавезно одам на третмани за лице и користам милион и еден шлапатарник најчесто од природно потекло за нега на лице, врат, тело и дланки од кога знам за себе.
Мит: Нема брчки, што ти е бе гарант има бар конци ставани!
Факт: Не јадам брашно и шеќер, не пијам алкохол веќе 5 месеци, пијам само вода, исклучително внимавам веќе малку и манијакално што јадам и практикувам масажи на лице. Затоа и се стопив да не се лажеме.
Наравоучение: Што сакате препишувајте ми дека имам правено на ниво на непромислен трач, вистината е дека имам одлични професионалци околу мене кои со таквите трачеви ми ги деградирате, многу внимавам и давам време на домашна нега, читам, пијам мноооогу вода и се сакам себеси во сите мои форми и фази.
Од најдебела и подуена до најслаба и изгланцана од животни избори, тоа е сѐ дел од процесот на животот и среќна сум што имам толку големо искуство позади себе.
Ги сакам луѓето, ги сакам животните, се грижам за оние кои се покрај мене, се смеам, кога доаѓа трагедија ја преживувам на нозе со свесност дека ќе помине, и само толку е потребно да бидеш вечно млад“.
С. С. | Црнобело