„Идеално сценарио“ - Јелена Спенџарска со нови фотки од одморот на вториот крак во Грција со саканиот
- Детали
- среда, 16 август 2023
„Идеално сценарио за нашиот мини одмор по повод една година од нашата врска: Мала, дива плажа, кристално чиста и топла вода, ти и јас и апсолутно никој наоколу“, напиша Јелена Спенџарска, а на последниот ден од одморот ја сподели својата мала авантура со брод: „Јас и мојот капетан“.
Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска со саканиот Лукас од Солун е на летување во Неа Мармарис, Грција.
Оттаму Спенџарска веќе сподели неколку фотографии, а сега сподели уште една тура во која ја доловува убавината на ова место, но и покажува како со Лукас уживаат во истражување на диви плажи, читање книги, крстарење со бротче и што уште не.
Во описот на фотографиите на Инстаграм таа напиша:
„Идеално сценарио за нашиот мини одмор по повод една година од нашата врска: - Мала, дива плажа, кристално чиста и топла вода, ти и јас и апсолутно никој наоколу“.
Потоа сподели:
„Едноставно, нема крај на сите магични сценарија од вториот крак. Lagonisi beach е место каде сигурно ќе посакате да го поминете денот.
Плажата е голема со одлично организиран бар, водата е да се напиеш, ама буквално. Чиста, прозирна, топла. Песок насекаде! Одиш, одиш, oдиш, уште е плитко, што значи ако имате деца - само пуштете ги.
После преубав поминат ден овде, отидовме во Никити на вечера. Местото од сликите си го манифестиравме чисто онака.
Да најдете место во „Арсанас“ без да резервирате еден ден однапред е невозможно за овој период, посебно овие денови кога Грците празнуваат и скоро сите се на море.
Се случи што сѐ случи, едноставно магија, добивме најубава маса и целиот ден исполнување на соништата. Тооооолку многу убавини, кога си со вистинските луѓе“.
Последниот ден од одморот Јелена откри дека го минува на крстарење со бротче, на кое нејзиниот сакан Лукас е капетанот.