Антониа Гиговска и свршеникот маскирани за 1-ви Април – Како пејачката го поддржа својот сакан? (фото)
- Детали
- сабота, 01 април 2023
„Ти си Џокер, јас сум Харли Квин“ – напиша пејачката Антониа Гиговска до фотографиите на кои таа и нејзиниoт свршеник се маскирани во познатите ликови од филмот The Suicide Squad, со што пејачката му даде поддршка на саканиот кој настапува под уметничкото име „Џокер“, а неодамна ја објави песната „Такси“.
Антониа Гиговска и нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски се во фокусот на јавноста откако објавија дека се свршиле, но и откако се дозна дека пејачката е бремена и дека годинава го очекуваат првото заедничко дете.
Пред извесен период свршеникот на пејачката Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски, кој настапува под уметничкото име „Џокер“ ја објави песната „Такси“, а сега по повод 1-ви Април на социјалните мрежи објавија фотографии како позираат како познатиот пар од филмот The Suicide Squad, Џокер и Харли Квин.
Притоа, Роберт ја носи истата маска, што ја носи и во спотот за неговата најнова песна.
„Ти си Џокер, јас сум Харли Квин“ – напиша таа до фотографиите.
Антониа на себе носи градник и пантолони со низок струк во кој го покажа трудничкото стомаче, а косата ја обоила во стилот на партнерката на Џокер со розови и сини врвови.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело