По секс снимките и скандалите Северина се облече како калуѓерка - Новата песна е посветена на сите нејзини грешки во минатото (видео)
- Детали
- четврток, 08 декември 2022
Преживеа објава на приватните снимки и фотографии, одземање на детето, речиси стотина судски тужби, една венчавка и развод. Во песната „Вјерујем у Бога“ Севе ја преиспитува сопствената вера и искрено и цинично се осврнува на сопствените грешки во животот. Погледнете го провокативниот спот.
Денес на пладне премиерно беше објавен новиот спот за најновата песна на Северина „Vjerujem u boga“ за која текстот го напиша Дино Мерлин. Многумина веруваат дека со соработката меѓу двете големи балкански музички имиња успехот на оваа нова песна е загарантиран.
Претходно Севе на својот Инстаграм профил објави повеќе фотографии од снимањето на спотот во кој е облечена како калуѓерка, а необичните костими и насловот на песната предизвикаа лавина позитивни коментари од нејзините обожаватели кои со нетрпение очекуваа да ја слушнат песната.
„Приватниот живот на Севрина, без разлика на тоа дали таа сака или не сака, е изложен во јавноста, а содржи многу страдање и тага, но и многу среќа. Преживеа објава на приватните снимки и фотографии, одземање на детето, речиси стотина судски тужби, една венчавка и развод.
Далматинката која помина низ сито и решето и низ сè што Бог може да ѝ го намени на една жена, Северина покажа дека е успешна во тоа да преживее бродоломи. Издржа стопати да ја скршат и да ја разделат на атоми.
Тоа е жената за која Северина пее во песната „Вјерујем у Бога“, а низ која всушност ја преиспитува сопствената вера и искрено и цинично се осврнува на сопствените грешки во животот“ – се вели во соопштението што нејзиниот ПР тим го достави до медиумите.
Инаку, спотот за новата песна на Северина веќе е објавен на YouTube. Погледнете го во продолжение: