Српскиот заводник Милош Тимотијевиќ по 13 години брак, се разведе и се ожени повторно за 40 дена - блеска со избраничката (фото)
- Детали
- вторник, 25 октомври 2022
Својата сопруга ја криеше од јавноста 13 години, а за неа во една пригода изјави дека му е најголемата поддршка, но се разведе од неа и по само 40 дена испливаа фотографии од свадбата со новата избраничка. Милош тануцува со неа, повљубен од кога било... Таа на свадбата блеска во фустан од Zara од 40 евра.
Актерот Милош Тимотијевиќ во тајност се разведе од сопругата Дуња по 13 години брак и по само 40 дена од разводот повторно се ожени.
Веста ја објави со фотографија на Инстаграм со бурма на раката во фокусот и напиша опис „зафатен“.
Според пишувањата на српските медиуми, Милош стапил во брак со Тијана Симиќ од Португалија.
Потоа, на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од неговиот свадбен ден, на кои тој е во одело, а неговата нова избраничка во бел фустан од Zara, кој чинел 40 евра.
Актерот во неодамнешно интервју зборуваше за својата сопруга Дуња, па никој не очекувал дека е можен развод.
Но, за време на бракот, неговата сопруга никогаш не се појавуваше во јавност и многупати се велеше дека тој ја „крие“. Тврдеше дека својата интима ја чува само за себе.
Дуња Галиќ, по професија уметница, му била најголема поддршка на Тимотијевиќ со години, но први заеднички фотографии од нив во јавноста испливале дури минатата година, кога таа го придружувала за време на промоција на една негова серија во Париз.
Во една од ретките пригоди кога актерот зборуваше за неа, изјави:
„Мојата кариера тргна по нагорна линија откако ја запознав мојата сопруга, таа е мој двигател. Не сакам да зборувам за приватниот живот, но на секој му е потребна поддршка, не само на нас актерите. Без тоа сè е потешко.
Ако имате личност која верува во вас, тогаш сè е полесно. Имате четири очи, две срца, два мозока, две глави за размислување. Нашата работа е таква и неопходно е разбирање“, изјави во една пригода Милош и вели дека единствената работа која неговата (сега веќе поранешна) сопруга никогаш нема да ја разбере е зошто одбил толку многу работни понуди.
Повеќе фотографии од поранешната сопруга на Милош ТУКА...
Kaко изгледа неговата нова сопруга:
Nova žena Miloša Timotijevića pic.twitter.com/7dvEf5cE0e
— Malagaravaa (@vaskekopirinac) October 24, 2022
Најголем дел од фотографиите од новата сопруга на Милош ги објави неговата пријателка Дарја Бабовиќ: